Хрватскиот министер за одбрана е тешко повреден во сообраќајна несреќа

by Тони Зографски

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина, пишува Index.hr. Возел возило кое се судрило со комбе, а возачот на комбето загинал, дознава хрватски Телеграм.

Како што потврди сменоводителот на полициската управа Вуковар-Срем, Фабијан Капулар, несреќата се случила во 6 часот и 15 минути, на излезот од Винковци во правец кон Жупања.

– Марио Баножиќ е пренесен во болница – изјави Капулар, кој не знаел детали за здравствената состојба на министерот Баножиќ и тежината на повредите.

Градскиот портал Cibalia ја објави првата фотографија од местото на несреќата:

ПУ Вуковар-Сремска објави соопштение за несреќата.

„Утрово во 6 часот и 15 минути е пријавена за сообраќајна незгода на државниот пат ДЦ-55 на излез од Винковци кон Жупања, во која учествувале комбе и приватно возило. Возачот на комбето загинал во сообраќајна незгода, додека возачот на приватното возило (државен службеник), поради здобиените повреди е пренесен во Жупаниската општа болница Винковци“, наведуваат оттаму.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com