Старлетата Ава Карабатиќ ја објави својата кандидатура на претседателските избори во Хрватска и ја претстави својата програма во која има и неколку необични ставки, како реално шоу за обесчестени политичари.
Ова се 13-те точки кои таа ги истакна на Фејсбук:
– Задолжителен полиграф за политичарите
– Хемиска кастрација на силувачи на малолетни деца и педофили
– Зголемување на платите и пензиите
– Борбата против корупцијата
– Намалување на платите на пратениците за 30 отсто
– Поддршка за ветераните и промоција на патриотизмот
– Дополнителни истраги за откривање на воени профитери
– Поддршка за здравствените работници
– Финансиска поддршка за студенти и млади луѓе
– Промовирање на патриотизам
– Државна програма за реално шоу за корумпирани политичари кои ќе чистат улици
– Бенефициран работно искуство за келнери и вработени во клубови и обложувалници
– Промоција на уметност и култура
„Ви благодарам за довербата и поддршката“, напишала Ава на крајот од оваа објава.
Поранешната студентка на реалити не се откажува од политичката кариера, па по учеството на парламентарните избори на кои освои повеќе гласови од министерката за култура и портпаролот на Пленковиќ, Ава Карабатиќ најави кандидатура за претседател на Хрватска. Старлетата почна да собира потписи, а за да може да учествува на претседателските избори во Хрватска, кои ќе се одржат на 29 декември 2024 година, ќе треба да собере 10.000 потписи.