Познатата хрватска инфлуенсерка, Ивана Кнол пристигна во Германија каде се подготвува за ЕП 2024, а на Инстаграм се пожали дека е разочарана од сместувањето во хотелската соба.
„Платив илјадници за „најдобриот хотел“ во Берлин, а собите се стари, греењето не работи, салата и базенот се во изградба“, сподели таа позирајќи пред огледало.
„Платив 650 евра за една ноќ, а во цената е вклучено: стара соба без парно, теретана и базен не се достапни поради реновирање, а уште повеќе, менаџерот е безобразен“, напиша таа во видеото каде што покажа како изгледа нејзината соба.