Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Дијабетесот е хронична болест која се развива кога панкреасот не создава доволно инсулин или телото не може ефикасно да го искористи инсулинот кој е произведен. Со промена на животниот стил и промени во исхраната може да се влијае на болеста. Има билки и зачини кои влијаат на намалување на глукозата во крвта.
Циметот илјадници години се користи за арома во храната и во медицината. Регуларна употреба на цимет кај лица со предијабетес поволно влијае во долготрајна контрола на глукозата. Циметот ги имитира ефектите на инсулинот, ја зголемува осетливоста на инсулин и го зголемува транспортот на глукоза во клетките. Има и силни противвоспалителни својства. Во зависност од содржината на јаглехидрати, по оброк глукозата во крвта расте. Циметот помага во контрола на овие флуктуации на глукозата по оброк. Се смета дека циметот ја намалува ратата со која се празни храната од желудникот и/или дека ги блокира дигестивните ензими кои ги разградуваат шеќерите во тенкото црево.
Ѓумбирот го намалува шеќерот во крвта, хемогобинот А1ц (HbA1c), ја подобрува инсулинската резистенција и подобрува некои фракции од липидниот профил. Ѓумбирот е зачин кој се користи во индиската и кинеската кујна и во традиционалната медицина. Има силни својства и коренот се користел како тоник за лекување на многу болести. Ѓумбирот има антиоксидантни и имуномодулаторни ефекти, го намалува воспалителниот одговор, ги ублажува симптомите на гадење и повраќање.
Грчко семе (Fenugreek seeds) е растение од семејството на кикирики, семето и лисјата се користат за ароматизирање на храна, пијалоци и тутун. Секојдневна употреба на грчко семе во комбинација со диета го намалува нивото на глукозата, ХбА1Ц и триглицеридите во крвта,
Рузмаринот одамна се користи за подобрување на варењето на храната и за подобрување на циркулацијата, го намалува ризикот од гојазност и метаболен синдром. Активната состојка го подобрува нивото на инсулин, ја намалува тежината и глукозата, холестеролот и триглицеридите во крвта. Се активираат патишта кои ги штитат мозочните кетки од слободните радикали. Има ефект на когницијата и нивото на витамин Б12.
Лук – алицинот има хипогликемична активност која се должи на зголемен црнодробен метаболизам и поголемо ослободување на инсулин од бета кетките на панктреасот.
Женшен (корен на животот) е адаптоген, се применува за прилагодување на организмот на услови на зголемен напор и стрес, ја подобрува реакцијата на клетките, спречува да се покачи нивото на глукоза во крвта.
Босилекот (еликсир на животот) во ајурведската медицина се смета за едно од најважните растенија заради неговите лековити својства. Ја подобрува функцијата на бета кетките на панкреасот и инсулинската секреција и го зголемува зафаќањето на глукозата од мускулните кетки. Има и антиспазматични својства, намалува болки во стомак, го зајакнува имунитетот, го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол.
Глуварчето иаку многу го сметаат за плевел има неколку здравствени употреби – ја намаува глукозата и го држи холестеролот под контрола. Коренот содржи инулин кој стимулира панкреасот да произведува повеќе инсулин.
Comments are closed.