Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Во последниот период не се сложувате многу со партнерот, а ниту со блиските и смејството, а тоа можеби е така бидејќи сте си замислиле дека околината ве искористува. Смирете се и направете си искрен муабет сами со себе.
РАБОТА: На деловното поле не се чувствува некаков напредок, а тоа е така бидејќи вие воопшто не се трудите да ги промените работите. Примерот на некој пријател може да ве принуди да започнете повеќе да се залагате.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на тежината, исфрлете го вишокот килограми.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Убав и поволен период за напредок. Кроите некои планови кои ви иднина сосема поинаку ќе се остварат, но вие на тој начин им покажувате на блиските колку се грижите за нив.
РАБОТА: Ќе се случат некои промени кои можеби на почеток нема да бидат пријатни, но подоцна ќе сфатите дека неможело поинаку. Нека не ве разочарува бавниот развој на настаните, тој е посигурен.
ЗДРАВЈЕ: Чувајте се од бактериите и вирусите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Нема да имате доволно разбирање за партнерот, а тоа ќе ги отежне нештата меѓу вас. Седнете и рамислете колку всушност не сте биле фер кон партнерот. Поправете ги постапките.
РАБОТА: Следи финансиско зајакнување кое ќе ве мотивира да дадете и повеќе од тоа што можете. Ќе работите максимално ангажирано и ниту една пречка нема да ја чувствувате како закана.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Период на промени, промени во врска со чувствата и плановите. Нема да останете мирни доколку забележите дека некој ве искористува.
РАБОТА: Нема да имате желба да работите, а тоа ќе биде така поради лошото работно место на кое се наоѓате. Можеби тоа не толку лошо, но сепак вие така сметате.
ЗДРАВЈЕ: Внесувате повеќе витамини и минерали.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Период во кој нема да знаете на што сте. Не се залетувајте премногу, можно е некој да си поигрува со вашите чувства, па на крајот да бидете многу повредени.
РАБОТА: Постојано изнаоѓате начини како да манипулирате, односно некој трет да ја заврши вашата работа. Најдете мотивација која ќе ви помогне да го смените пристапот кон работните обврски.
ЗДРАВЈЕ: Добро, проверете ја крвната слика.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Оваа недела слободните претставници ќе запознаат личност од спротивниот пол која ќе има позитивно влијание на нив. Не се разочарувајте доколку не се сложувате во се, променете го вашиот пристап.
РАБОТА: На работното место ќе бидете критикувани за начинот на кој ги извршувате задачите, бидејќи речиси нема задача која не сте ја задоцниле. Не им се лутете на искрените колеги, научете нешто од нив.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со притисокот.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Неодлучно се однесувате кон некое лице кое се надева на нешто повеќе од вас. Доколку не планирате ништо посериозно искрено кажете го тоа, не е фер на некој да му го одземате времето.
РАБОТА: Колегите ви се на одмор, па вие се досадувате сами. Имате зголемен број на обврски и постојано сте во гужва. Оваа недела е поволен период за да ги докажете сите ваши квалитети.
ЗДРАВЈЕ: Добро, можни се скршеници, внимавајте.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Настапува тежок период исполнет со многубројни промени. Вашите чувства не се искрени, а тоа може скапо да ве чини. Доверете им се на најблиските и побарајте совет од нив.
РАБОТА: Период од кој ќе сакате да избегате, неповолно е да се истакнувате бидејќи можно е да платите и за туѓите грешки. Останете смирени.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Некои планови за иднината нема да доживеат остварување, а вие ќе бидете тажни од пропаѓањето на плановите. Тука е вашиот партнер за да ве утеши. Помирете се со настаните.
РАБОТА: Гужва, состаноци, проекти…. сето ова ќе ви создаде главоболка. Не им се лутете на колегите кои не се спретни колку вас. На крајот од неделата заслужено ќе заминете на одмор.
ЗДРАВЈЕ: Добро, смирете ги нервите.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Стабилен период без поголеми промени. Најдете начин како поинтересно да го поминете времето со партнерот, заминете негде на кратко патување. Нека не ве загрижува приватниот живот на блиските лица, сепак тие сами одлучуваат за него.
РАБОТА: Ќе се појават кавги во деловната околина, а на вас ви е најпаметно да не завземате страна. Не се обидувајте да бидете ниту во средина, па да ја браните едната па другата група, не делете правда, едноставно дистанцирајте се.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Вашите планови и замисли полека ќе започнат да се остваруваат. Ве очекува среќна недела која ќе биде исполнета и со солзи радосници. Уживајте во прекрасните мигови во семејството.
РАБОТА: Ќе бидете на заслужен одмор, барем повеќето од вас. Останатите ќе се обидат да се сокријат и да не се преокупираат со деловните настани. Издржете уште малку, следи поповолен период.
ЗДРАВЈЕ: Можна е појава на проблеми со коските.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Фантастичен период во кој уживате во љубовта и вниманието кои ви ги дава партнерот. Заборавете на сите грижи и проблеми и релаксирајте се. Ова е поволен период и за зближување со некои членови од семејството.
РАБОТА: Земете си одмор бидејќи доволно долго и напорно работевте. Заборавете на обврските и деловните проекти и замолете ги колегите да ве заменат. Уживајте релаксирајки се на начин на кој вие сакате.
ЗДРАВЈЕ: Добро, не се изложувајте на сонце.