Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Имате лошо чувство во исчекување на расплетот на некои случувања на деловната сцена. Сепак, нема причина, не е се така лошо.
ЗДРАВЈЕ: Вртоглавица.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Со неколку добри потези, неделава можете да ги решите деловните проблеми. Многу е важно да бидете потемелни и да не реагирате пребрзо.
ЉУБОВ: Оваа недела изненадете го саканото лице на некој несекојдневен начин.
ЗДРАВЈЕ: Зајакнете го имунитетот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Различните обврски преставуваат психолошки товар за вас, но не и изговорот за неисполнетите ветувања.
ЉУБОВ: Пoкажете дека имате доволно доверба во саканото лице и најдете начин да го освежите односот.
ЗДРАВЈЕ: Оваа недела одлично ќе се чувствувате.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Оваа недела важно е да ги здружите своите интереси со проверените соработници бидејќи тоа е добитна комбинација за успех на работа.
ЉУБОВ: Во љубовта доволно ви говори насмевката од задоволство на лицето на партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Потребен ви е одмор и опуштање.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Новите случувања на деловна сцена прифатете ги во оптимистички стил, без оглед на разликите кои постојат во мислењето.
ЉУБОВ: Оваа недела саканото лице може да ви замери на отсуството но сватете го тоа како негова слабост.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со варењето.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Некој индиректно ве наведува на погрешен избор или на прикривање на вистината. Неделава чувајте се од соработниците кои ве гледаат како конкуренција.
ЉУБОВ: Неделава во љубовта со саканото лице избегнувајте нови кавги за мали нешта. Премолчете и олеснете си ја ситуацијата.
ЗДРАВЈЕ: Напнатост.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Неделава ќе се наоѓате под притисок и тешки околности, но тоа не ви дава за право да ги занемарите своите деловни обврски.
ЉУБОВ: Имате впечаток дека партнерот упорно прикрива некоја вистина, но најверојатно повторно грешите.
ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Оваа недела деловната ситуација ќе се подобри, а тоа ќе ве охрабри многу. Сигурни сте дека се наоѓате на добар пат.
ЉУБОВ: Следете го вашиот „внатрешен глас“ или претчувствата кои ги имате во врска со едно лице.
ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Покажете им на своите соработници дека имате сериозни намери и јасни цели. Не се срамете да ја истакнете својата способност.
ЉУБОВ: Оваа недела не дозволувајте да ви недостасуваат среќата, кретивноста или љубовната инспирација.
ЗДРАВЈЕ: Добро ќе се чувствувате.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Идејата или работата која сте ја одбрале ви преставува добар избор. Размислувајте во правец на големи промени.
ЉУБОВ: Слободно изразете ги своите чувства пред лицето кое ви е важно. Ќе ве изненади неговата реакција.
ЗДРАВЈЕ: Оваа недела проверете ја крвната слика.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Почекајте малку некој официјално да ја соопшти својата одлука за соработка. Изненадувањата се можни во двата правци.
ЉУБОВ: Неделава меѓу вас и партнерот повремено се појавува заедничка недоверба и некои нови отворени прашања.
ЗДРАВЈЕ: Можно е воспаление.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Поради различните правила и деловниот интерес, пожелно е да ја прифатите компромисната варијанта.
ЉУБОВ: Оваа недела уживајте во својот свет на интима и ќе бидете задоволни целосно од односот на саканото лице.
ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате.