Овен
На работното место ќе се впуштите во ризична инвестиција и покрај некои забрани и предупредувања од соработниците. Размислете тоа може скапо да ве чини. Во поглед на емоциите ќе зрачите со магнетска привлвлечност. Со неколку вкусно одбрани модни детали ќе ги истакнете своите најубави особини.
Среќен ден: Вторник
Бик
Некои пари кои сте ги очекувале би требало да пристигнат. Спротивниот пол ќе покажува зголемено интересирање за вас. Искоритете ја добрата соработка со некоја Девица, и профитирајте. Ве очекува некакво непријатно изнендување, бидете подготвени на се.
Среќен ден: Петок
Близнаци
Убаво разгледајте ја целата ситуација пред изработувањето на планот. Поради денешните должности воопшто ќе немате време за забава. Многу важно во моментот е да соработувате и да ги послушате советите од поискусни луѓе.
Среќен ден: Понеделник
Рак
Ви доаѓа нова енергија која ќе ви помогне во пребродувањето на тешкотиите на кои ќе наидете. Ќе бидете свесни за својата сила и ќе имате волја за да издржите во реализирањето на вашите оргинални идеи иако околината тешко ќе ги прифати. Не чекајте туку веднаш почнете со уверувањето на вашите колеги за вашата генијалност.
Среќен ден: Сабота
Лав
Ќе имате среќа во работите во кои ви е ограничен пристапот. Ќе успеете да заработите одлична сума на пари, поради што ќе бидете задоволни. Здраствената ситуација не ви е стабилна ве очекуваат проблеми со зглобовите и коските.
Среќен ден: Вторник
Девица
Се обидувате да ги завршите одамна започнатите работи и ќе успеете во тоа доколку работите напорно и давате се од себе. Бидејќи во семејството ве очекува некоја поголема промена, можеби принова, односно се она што вас ви е особено важно, не се оптеретувајте со други непотребни работи односно работи кои само ве заморуваат.
Среќен ден: Четврток
Терезија
Моменталниот застој на работен план ќе биде причина за привремено влегување во слепа улица. Не ќе можете да чекате, сакате брзо да живеете и ќе бидете склони кон авантуристични потези. Можеби ќе добиете понуда за патување во странство, или ќе ве посети некоја личност од далеку.
Среќен ден: Недела
Скорпија
На работното место ќе потфрлите, така што резултатите нема да бидат ништо посебно. Ви недостасува енергија, а тоа ќе биде видливо и за околината. Затоа ние ве советуваме да се завртите денеска повеќе кон себе си и вашите најмили. Повикајте дома друштво или вие одете некаде, не останувајте дома сами.
Среќен ден: Среда
Стрелец
Повеќето нови познанства кои ќе ги имате денеска, во склоп со вашата природа, склони кон разновидни контакти, ќе ве натераат да ги преиспитате своите досегашни емотивни врски. Некои нови лица ќе ви се чинат веќе на прв поглед интересни за остварување на долготрани односи. Потребно е, сепак, во тие контакти да внесете и одредена доза на претпазливост.
Среќен ден: Понеделник
Јарец
На работното место од вас ќе се очекува да бидете креативни, при што со задоволство ќе влезете во новата работна обврска. Можно е да почувствувате исцрпеност, но тоа е како резултат на вашите грижи и ангажирања. На емотивен план се оди како што сте замислиле.
Среќен ден: Четврток
Водолија
Многу ќе бидете задоволни како со деловниот така и со семејниот живот. Обидете се ваквата сосојба да је претворите во трајна. Немојте да се нервирате поради некои ситници. Доколку се оптеретувате и размислувате за лошите колегијални односи само ќе се нервирате, а ништо нема корисно да направите.
Среќен ден: Петок
Риби
Одредени работи никако да тргнат, а вашата кариера има еден неизвесен тек, вас сеуште ви стои некој проект, работа или задача во која секојдневно можете и морате да се докажете. Потрудете се околу тоа.
Среќен ден: Сабота