Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Марс, вашиот владетел, во однос со Јупитер и Уран ви носи нови идеи и филозофија. Ќе бидете многу чувствителни кон луѓето околу вас. Меркур во Вага може да ви донесе жешки случувања на сексуалното поле.
РАБОТА: Многу нови работи ќе се случуваат околу вас. Не дозволувајте фрустрацијата да ве однесе во непосакуваниот правец. Малата плата и понатака ве демотивира но потребно е да пронајдете начин како да го надминете тоа, бидејки нема подобрување на тој план во блиска иднина.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грлото и ушите.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Кога ќе ги реште сите за вас „важни“ работи ќе бидете во состојба да и се препуштите на огромната сексуална и страствена енергија која ја поседувате. Не го заморувајте партнерот со прашањата што ќе се случи утре, верувајте дека ни тој не знае.
РАБОТА: Не им дозволувајте на вашите емоции кои се појавиле поради незадоволството да ви го попречуваат успехот на деловното поле. Бидете отворени и искрени, особено ако некој ве повика на состанок.
ЗДРАВЈЕ: Овозможете си повеќе одмор и релаксација.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Меркур, вашиот владетел во Вага, би можел да ви донесе потешкотии во врска со комуникацијата со вашите блиски лица. Веројатно ќе морате малку подобро да слушате, а помалку да зборувате.
РАБОТА: Промените на работа ќе влијаат на вас на повеќе начини. Негативните вести ќе важат само за три дена, а потоа повторно ќе се вратите на старото. Не очајувајте имате енергија и знаење да го подобрите работењето.
ЗДРАВЈЕ: Избирајте поздрави намирници.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Влијанието на Меркур во Вага во подрачјето на сензуалното делување и уживање, носи поволни вести. Тоа што ќе го посакате ќе го добиете, а тоа знае да биде многу примамливо па да ве наведе да посакате и некои нереални нешта.
РАБОТА: Имате енергија и одлучност на некои проблеми да им ставите крај. Колегите максимално ќе ве поддржат. Ќе ви помогне одлучноста која успешно ќе ве одведе до целта.
ЗДРАВЈЕ: Потребен ви е одмор и повеќе опуштање.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Повторно ќе бидете во ситуација каде што ќе се фатите самите себе дека барате нешто премногу од спротивниот пол, а и самите сте свесни дека ниту половина од тоа не заслужувате. Обидете се да ги смирите емоциите со цел да можете попаметно да расудувате.
РАБОТА: Креативноста ви навира. Подготвени сте на ризик, се движите храбро, но немојте да си дозволите да ја потцените моќта на колегите. Доколку им се спротивставите, веднаш ќе се најдете на дното бидејќи досега барем десетина пати го покриле вашето неработење.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на претераното внесување на масти и алкохол во организмот, можно е сериозно да си наштетите.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Повторно сте во некакво бунило, а за да излезете ќе ви биде потребна помош. Како и секогаш ќе биде потребно да ја пронајдете соодветната рамнотежа помеѓу партнерот и пријателите. Тензиите ќе бидат зголемени, па ќе биде потребно дополнително да се контролирате.
РАБОТА: Венера во друштво на Марс и Јупитер во вашиот знак ви носи многу работа. Би требало малку повеќе да им се посветите на докуметите, состаноците и општо на работите кои сте ги подзаборавиле малку.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на алергиски реакции.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Венера во Девица влијае на вас и на вашиот љубовен и деловен план. Ќе морате да ја послушате вашата интуиција и да покажете дека сте многу упорни во работите кои ги сакате. Љубовната ситуација ќе биде прилично комплицирана.
РАБОТА: Ќе сакате да научите нешто ново, некоја нова вештина. Ќе бидете љубопитни, но немојте претерано да експериментирате. Некогаш треба да застанете цврсто на нозете.
ЗДРАВЈЕ: Редовно применувајте вежбање, тоа ви дава сила.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Сатурн во Стрелец, засилен со Сонцето има особено силно влијание на вашиот приватен живот. Сметајте го ова поглавје за ново во вашиот живот. Дозволете си поголема емотивност, овој период ќе ви го промени животот комплетно.
РАБОТА: Меркур, планетата на комуникацијата во Вага ви носи плоден деловен период но за да се движите правилно потребно е малку да ги контролирате вашите зборови. Побарајте помош од пријателите.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Оваа недела е многу важна за вашиот приватен односно љубовен живот. Интимното поле ви е нагласено, па потребно е да воведете некаква контрола. Немојте да бидете крути и да давате отпор на секој предлог од вашиот партнер.
РАБОТА: Преку соработка и слушање ќе успеете да го добиете тоа што го сакате. Проблем ќе биде тоа што сте навикнале секогаш да биде така како што вие сте замислите. Послушајте го советот од повозрасните колеги.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на желудникот.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Нема да бидете свесни за длабоката трансформација која ќе ја доживеете на интимното поле. Ќе бидете некој нов човек кој нема да има премногу разбирање за околината. Тоа е така поради неколкуте немили настани кои ви се случија. Очекувајте закрепнување на крајот на неделата.
РАБОТА: Обидете се оваа недела да бидете повеќе концентрирани на работите кои најмногу ве интересираат и обидете се барем една ваша вештина да ја доведете до совршенство. Некој повозрасен колега ќе се обиде да ви ги замати сметките, но успешно ќе го сопрете.
ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате одлично.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Една личност би можела да има посебно влијание на вас во оваа недела. Отворете ги широко очите и бидете внимателни. Попуштете им на послабите лица, тоа е вашата добра особина. Оваа недела партнерот ќе биде задоволен од вашето однесување.
РАБОТА: Притисокот кој во моментов го чувствувате би можел да ви наруши многу планови на работа. Ослободете се од препреките, нека не ве плаши слободата која си ја земаат вашите колеги, бидете и вие реални и слободни во изразувањето. Некој непланиран настан ќе ве потсети дека секогаш е потребно да бидете подготвени.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе наидете на неразбирање кај вашиот партнер или семејството па едноставно ќе помислите дека светот се завртел против вас. Но не е така, а во тоа ќе се уверите и самите откако ќе размислите колку нечесно се однесувавте кон најблиските во последно време.
РАБОТА: Агресивниот Марс во однос со Јупитер ќе ви донесе огромна количина на одлучност во остварување на некои ваши деловни цели. Ќе ви биде потребна концентрација, па обидете се да ја најдете во мирот и тишината кои ќе ги најдете во природата. Не си дозволувајте да ја оценувате работата на колегите.
ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате добро, не претерувајте со алкохолот.