Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Се чини дека некој од вашата околина повеќе нема да сака да биде со вас. Ќе бидете револтирани и разочарани од неговото бегство, но ништо нема да можете да направите.
РАБОТА: Ќе бидете амбициозни, но ќе имате противници. Ќе имате прилика на која многу ќе се израдувате. Внимателно со средувањето на приватниот и деловниот живот, не дозволувајте да се мешаат.
ЗДРАВЈЕ: Применувајте редовни вежби.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Развојот на романтичните случувања би можел малку да ве вознемири. Внатрешната несигурност ќе ве принуди на повлекување, но сето ова ќе биде кратко бидејќи ќе сфатите дека грешите.
РАБОТА: Иако комуникациите нема да ви бидат проблем, некој од колегите би можел да ви создаде неприлика со неговата љубомора или неработење. Работа ќе има, но изгледа оваа недела за вас ќе има повеќе, бидејќи ќе ви остане и работата од мрзливиот колега.
ЗДРАВЈЕ: Постојано сте под стрес. Променете го мислењето и внесете позитивна енергија.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Со партнерот заедно ја планирате вашата иднина. Наидувате на некои пречки и различни размислувања, но вие сте секогаш тој што попушта во таквите ситуации. Продолжете така.
РАБОТА: Вашата креативност и моќта веднаш да се снајдете ќе се покаже како одлична комбинација која ќе ве извлече од непријатните ситуации. Ќе морате малку повеќе да работите, а тоа ќе ве депримира. Но не грижете се, ве очекува напредување.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на притисокот.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Ова е прилично емоционален период за вас. Можноста за конфликт со блиските лица е голема, па затоа внимавајте на кого и како му се обраќате. Се чини дека вашиот разум ќе биде под влијание на нешто во околината.
РАБОТА: Не избрзувајте. За секоја деловна одлука ќе добиете доволно време, па постапете паметно. Станува збор за големи промени, кои ќе донесат добри моменти во вашиот живот.
ЗДРАВЈЕ: Забавете малку, премногу го исцрпувате организмот.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Ќе имате проблеми со односот со блиските лица, вие воопшто не внимавате на кого и со какви зборови му се обраќате. Најдете слободно време кое ќе си го посветите самите на себе.
РАБОТА: Некои луѓе кои ви ветувале помош нема да можат да го исполнат тоа ветување. Ќе морате да ги завиткате ракавите и се да одработите сами. Ситните проблеми не ги гледајте како голема пречка.
ЗДРАВЈЕ: Намалете ја нервозата на здрав начин, не со цигари.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Нема да имате проблеми да ги освоите дури и најтешките личности. Ќе бидете неверојатно добри и привлечни во очите на лицата од спротивниот пол. Некои лица кои ќе прават планови и ќе разговараат за брак, ќе забележат успех.
РАБОТА: Последните деловни резултати не се онакви какви што ги очекувавте. Но нема причина за загриженост, имате доволно време да ја поправите состојбата. Седнете и убаво разгледајте ги можностите, со цел повторно да не погрешите во проценките.
ЗДРАВЈЕ: Добро, доколку сте пушач, намалете ги цигарите.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Слободните Ваги оваа недела ќе мора да донесат малку посериозна одлука, дали сакаат да продолжат да бидат осамени или ќе престанат на секого да му наоѓаат маани. Оние кои се во врска по неколку пати ќе размислуваат пред да направат нешто посериозно со партнерот.
РАБОТА: Иако деловните вести за вас се одлични, не заборавајте дека сепак е потребно да го зголемите вложениот труд, а потребно е и да им помогнете и на колегите. Овој период не е период на себичност, па затоа помогнете им на оние на кои тоа им е потребно.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Овој период за вас не е најдобар, но не е ни толку лош, се зависи како вие ќе го сфатите. Време е да им се посветите на емоциите, да ги задоволите барањата, како вашите така и на партнерот и на пријателите.
РАБОТА: Ви се чини дека некој непланиран проблем ви ја расипал идиличната атмосфера во која бевте. Но не е така, проблемите се нормална појава во животот, а вие не сте навикнати да наидувате на пречки. Размислете малку подобро и наместо да се нервирате, делувајте.
ЗДРАВЈЕ: Се чувствувате малку исцрпено, потребен ви е одмор.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе имате богат социјален живот. Ќе бидете повикани на неколку настани, деловни, приватни, па дури и на неколку забави, каде нема да можете да ги одбиете домаќините. Уживајте во комуникацијата со различни луѓе. Партнерот ќе ужива во вашето друштво.
РАБОТА: Парите оваа недела ќе ви бидат многу осетлива тема. Бидејќи сте ги исцрпиле залихите и сега нема од каде да земете пари, ќе биде потребно да ги намалите трошоците.
ЗДРАВЈЕ: Можна е мала настинка, ништо сериозно.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: На полето на љубовта оваа недела доаѓаат поволни вести. Односот со лицето кое одамна ви се допаѓа ќе биде исклучително добар, а вие ќе блескате од среќа. Комуникацијата со семејството и пријателите ќе биде на највисоко ниво.
РАБОТА: Ќе имате многу деловни обврски кои ќе мора да ги завршите пред да започнете нов проект. Колегите нема да бидат полни со разбирање, па можно е да ве искритикуваат поради поспаноста која ја покажавте во последно време.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со дигестивниот тракт. Внимавајте што јадете.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Можно е оваа недела по неколку пати да се предомислувате за тоа што навистина чувствувате за моменталниот партнер. Тоа ќе ви донесе немир и расправии. Семејството е тука да ве поддржи, не го одбивајте.
РАБОТА: Бурниот финансиски период и понатака не ви дава мир. Малку доле, малку горе. Ќе морате да вложите малку повеќе енергија и време за да успеете. Покажете и малку поголемо трпение.
ЗДРАВЈЕ: Ќе бидете исцрпени и под голем стрес, направете си топла купка во која ќе ги смирите нервите.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Во полето на љубовта ова ќе биде бурен и интересен период. Насмевката нема да се тргне од вашето лице. Ќе бидете пресреќни, а тоа ќе го забележи и целата околина која дополнително ќе ве радува со нејзините постапки.
РАБОТА: Постои можност за мали финансиски компликаиии и конфликти. Дистанцирајте се од тие приказни. Уживајте во убавината која ви се случува во приватниот живот.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.