Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе се обидете да ги анализирате сите ваши потези во минатото со цел да сфатите дали вашите блиски лица се во иста мера добри кон вас како и вие со нив. Ќе бидете разочарани од некои заклучоци.
РАБОТА: Обидете се да им посветите доволно внимание на важните задачи и проекти пред да заминете на годишниот одмор. Финансиските проблеми и документите поврзани со некој имот чувајте ги на сигурно место, постои можност да доживеете загуба.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на белите дробови, доколку сте пушач оставете ги цигарите.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Имавте некои сомнежи во текот на минатата недела, а во текот на оваа ќе сфатите дека беспотребно сте се грижеле. Не ги отфрлувајте идеите на партнерот, оставете му малку простор за и тој да реши некоја задача од вашиот заеднички живот.
РАБОТА: Совршено се снаоѓате во деловниот живот. Некои обврски и задачи ви се одапред завршени, па затоа ќе имате доволно време да си посветите и самите на себе. Финансиски совет барајте само од стручни лица.
ЗДРАВЈЕ: Можни се главоболки и несоница.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Вашиот партнер јасно и гласно ќе ви ги каже неговите желби, не се фрустрирајте бидејќи нема да можете сите да ги исполните наеднаш, обидете се постепено да ги исполнувате, тие се важни за вашиот заеднички живот. Оние кои не се во врска, оваа недела им носи интересна личност.
РАБОТА: Ќе бидете загрижени за развојот на настаните на работнто место, но не се грижете вашата среќна ѕвезда нема да дозволи некој да ви наштети. На половината од неделата ќе поминат сите загрижувачки настани.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Ќе сфатите дека подолг временски период сте биле со погрешна личност, па сега наместо да паѓате во очај, исправете ја главата, завртете нов лист и фрлете се во потрага по нова љубов. Семејството ќе биде ваша поддршка само доколку сте искрени.
РАБОТА: На работа ќе ве очекуваат вообичаените обврски, па нема да почувствувате промени на темпото. Некој ќе се обиде на дискретен начин да ви укаже каде сте грешеле во минатото, не се лутете.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Ве очекува интересен состанок со лице кое е сосема спротивен карактер од вашиот, тоа малку ќе ви делува чудно на почетокот, но за вас ќе биде интересно и задоволувачки. Оние кои се во долга врска, ќе се обидат да ја обноват страста.
РАБОТА: Ќе ви биде досадно на работа па ќе се обидувате на секој можен начин да изнајдете изговор со цел да побегнете од работното место. Нека не ве загрижува зголемениот обем на обврски, тоа може да ви донесе и зголемени приходи.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со мускулите, не се оптеретувајте со преголема количина на физички активности.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Ќе слушнете некој интересен муабет за лицето кое одамна ви се допаѓа, тоа може да биде вашата шанса за да му се приближите. Обидете се да бидете искрени уште на почетокот.
РАБОТА: Ќе посакате уште од денес да бидете на годишен одмор, ќе ве мрзи да работите, па сите свои обврски и задачи ќе им ги препуштите на колегите. Малку несериозно од ваша страна, но сепак ќе успеете да се извлечете и да одморите.
ЗДРАВЈЕ: Најдете простор и време каде што ќе го исфрлите стресот, не го таложете во себе.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Ќе навлезете во малку посериозен период во кој од вашиот партнер ќе побарате да направите еден чекор понапред. Ќе уживате во заедничките мигови и среќа.
РАБОТА: На работното место ќе бележите совршено добри резултати кои ќе бидат вашата отскочна даска за понатамошниот равој на кариерата. Планетите ви се наклонети, па искористете го нивното позитивно влијание на вас.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Нема да можете да се одлучите кон која страна да се завртите, ве притиска семејството, а од друга страна саканото лице кое има големи барања од вас. Не се откажувајте пробајте да ги решите проблемите со отворен разговор.
РАБОТА: Се обидувате на сите да им помогнете па ќе се најдете во жешката средина во која нема да ви биде воопшто пријатно. Можно е да одговарате за туѓите грешки, а за тоа сами сте виновни.
ЗДРАВЈЕ: Не претерувајте со алкохолот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Во текот на оваа недела ќе дознаете една не толку пријатна вистина за вашиот партнер. Ќе бидете разочарани, па можно е да се обидете да барате утеха во првата личност од спротивниот пол на која ќе налетате.
РАБОТА: Нема да бидете способни да и се посветите на работата, проблемите во приватниот живот ќе ви создадат доволно неприлики, па така очигледно е дека ќе потфрлите и на професионален план.
ЗДРАВЈЕ: Добро, внимавајте на видот.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Нека тајна без оглед дали ваша, на вашиот партнер или на семејството ќе биде откриена, па така ќе се создаде непријатна атмосфера во која сите ќе молчите. Не барајте објаснувања за нешто што веќе е направено.
РАБОТА: На работното место имате проблеми да го одржите континуитетот, па така дури кон крајот на оваа недела ќе сфатите дека доцните со сите проекти, па затоа не очекувајте слободен викенд.
ЗДРАВЈЕ: Можна е несоница.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Ќе бидете разочарани бидејќи нема да доживеете исполнување на нештата на љубовен план, но не избрзувајте, почекајте да помине оваа недела, која не е баш поволна за вас. Ќе се појави личност која и во минатото ви создавала многу проблеми, па ќе се обиде и сега.
РАБОТА: Ќе се разочарате од тоа што вашиот предлог за понатамошното работење ќе биде одбиен. Не се залажувајте оваа недела да започнете со приватен бизнис, ова е неповолна недела за вас.
ЗДРАВЈЕ: Топлите денови можно е да ви создадат проблеми со притисокот.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Ќе доживеете едно пријатно изненадување кое ќе ве насмее и натажи истовремено. Ќе бидете искрени со партнерот и јасно ќе му ги кажете вашите очекувања. Не запирајте во намерите, малите пречки не треба да ве запираат.
РАБОТА: Ќе сакате веднаш да заминете на годишен одмор, но не сметајте на таа опција во текот на оваа недела, бидејќи навистина сте и потребни на компанијата во која работите. Вашите залагања ќе донесат поголем профит, а вие ќе бидете наградени.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.