Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Јупитер длабоко во Девица ви носи одредени случувања далеку од туѓите очи. Посветете им се на емоциите и поделете ги со саканото лице. Другите не мора да го знаат тоа.
РАБОТА: Месечината во Рак ви носи поволни финансиски прилики. Ќе ја намалите својата зависност од некој или нешто, а тоа ќе ве направи многу задоволни. Решете ги финансиските проблеми додека сеуште се мали.
ЗДРАВЈЕ: Посветете повеќе време на физичка активност.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Оваа недела нема да имате некои посебни случувања на љубовен план. Ако сте во врска нема да се случи никаков екцес, но одредено незадоволство може да тлее во вас и наеднаш да избувне.
РАБОТА: Месечината во Рак ви носи будење и точка во која ќе се случат многу интересни нешта. Почекајте малку само за прашината да слегне пред да започнете со донесување на клучни одлуки. Засега играјте како што другите свират. Понатака се ќе се одвива како што сакате.
ЗДРАВЈЕ: Стресните ситуации ќе ви создадат проблем со желудникот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Оваа недела Месечината ќе ве направи тешко лице за дружење. Ќе ви биде најдобро доколку малку се повлечете во себе и не комуницирате на иритантен начин со околината. Внимавајте некој можете сериозно да го повредите и многу да загубите.
РАБОТА: Финансиската ситуација во оваа недела ќе биде чудна исто како и вие, односно тешка за одржување. Минлив период кој кратко ќе трае. При крајот на неделата ќе ги поправите грешките.
ЗДРАВЈЕ: Имунитетот ви е ослабен. Внимавајте на настинките.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Иако се чувствувате притиснати од барањата на другите кои само се зголемуваат како и одговорностите кои се повеќе ги имате, сепак ќе најдете минута време и за себеси. Посветете си љубов, грижа, нега и внимание самите на себе.
РАБОТА: Случувањата оваа недела ќе ве доведат во ситуација во која со лицата кои имаат исти мислења како вашите ќе дојдете до прекрасни идеи. Препуштете и се на својата фантазија и создадете прекрасни дела. Како и секогаш верувајте и на својата интуиција.
ЗДРАВЈЕ: Енергијата ќе ви биде намалена. Одмарајте повеќе.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе немате многу слободно време за дружење со саканите лица. Семејството и пријателите ќе ви се подналутат малку бидејќи подолго време не ве виделе. Најдете малку време и покажаете им колку ви значат. Во љубовта нема да постојат поголеми случувања.
РАБОТА: Средината на неделата би можела да биде прилично непријатна за вас. Не ги решавајте вашите проблеми и стравови со зголемено купување, бидејќи можете да си ја нарушите финансиската ситуација. Почастете се само со некоја ситница.
ЗДРАВЈЕ: Можна напнатост која би можела негативно да влијае на срцето.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Ова би можела да биде малку вознемирувачка недела во длабоко интимната фаза. Ќе бидете полни со нервоза и немир. Не попуштајте, изборете се со непријатноста. На партнерот јасно кажете му што не ви се допаѓа.
РАБОТА: Месечината во Рак ви носи време во кое морате да покажете повеќе верба во своите способности. Досега доста зборувавте, сега е време да се движите. Преземете акција и дејствувајте. Не заборавајте и на верните колеги кои можат многу да ви помогнат.
ЗДРАВЈЕ: Потребно ви е повеќе движење.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Многу се трудите и работите на подрачјето на врските и пријателите. Ќе бидете многу емотивни но и критички настроени кон другите. Ќе бидете и малку злобни, па некој сериозно ќе ви се налути. Бидете искрени и отворени кон партнерот со цел да ги надминете недоразбирањата.
РАБОТА: Немојте да му ветувате на некој нешто што не можете да го обавите. И понатака подобро е на некој да му кажете не, отколку нешто да ветите па потоа да се криете бидејќи не сте го исполниле барањето. Лицата кои имаат работа поврзана со медиуми ќе имаат неверојатно добри прилики пред себе.
ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате одлично, енергијата ви расте.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Најверојатно некоја биска лично ќе се обиде и ќе успее многу да ве искористи. Тоа многу ќе ве погоди, па цела недела ќе ја поминете ронејќи солзи. Во вас ќе се насобере гнев кој ќе избие на некое јавно место каде што најмалку треба. Обидете се да заборавите што се случило.
РАБОТА: Малку сте се опуштиле, но вашата подготвеност и понатака е над можностите на сите други. Доколку имате добар план држете се до него. Така ќе го постигнете најдоброто. На деловото поле и во финансиската ситуација се добро се движи, а ве очекува и пораст на приходите.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Долгогодишниот партнер ќе ви соопшти некои прекрасни вести кои ќе ви ги насолзат очите. Истовремено вашата страст постојано ќе расте. Ако сте сами не се затворајте во домот, прошетајте ова е поволна недела за наоѓање на вистинското лице.
РАБОТА: Во последно време немавте баш добри случувања во деловното поле. Но сеуште имате сатисфакција која ве принудува одлично да работите. Оваа недела дозволете и на работата и на успесите да ве претстават во вистинско светло. Ви претстои големо напредување.
ЗДРАВЈЕ: Морате да и обрнете малку повеќе внимание на исхраната.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Месечината ќе ве потсети дека оваа недела ќе морате малку повеќе да му се посветите на партнерот и љубовниот живот, доколку сакате да го задржите. Венера и понатака го стимулира вашиот романтичен живот, па оваа недела очекувајте засилување на поврзаноста, доколу партнерот е соодветен.
РАБОТА: Имате страшно многу обврски, но самите сте виновни за тоа. Најверојатно сте постапиле глупаво кога сте се пријавиле самите за извршување на сите задачи кои воопшто постојат на вашето работно место. Чувајте се од преговори, нема да ви одат од рака.
ЗДРАВЈЕ: Потребни ви се вежби за раздвижување на телото.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Толку многу работи ви се случуваат на деловен план што воопшто ќе немате време за приватниот живот. Објаснете му искрено на партнерот колку работа имате и ќе ја добиете неговата поддршка.
РАБОТА: На вашето работно место ќе биде многу еуфорично. Ќе брзате да ја завршите навремено работата, ќе брзате за да постигнете се навремено, а воедно ќе се тркате и со колегите кои ќе ви подметнуваат најразлични стапици. Ќе бидете преморени, со јазикот до земја, но на крај убаво ќе се насладите со плодовите од одлично завршената работа.
ЗДРАВЈЕ: Ќе немате енергија, но психичката страна ќе ви биде неверојатно силна и ќе го победи заморот.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Измислувате триста невистини со цел да си ја завртите работата на своја страна. Ќе подлажувате, но семсјтвото, а и блиските лица ќе сфатат што правите. Ќе бидете прилично себични и се што можете да го споделите ќе си го земете само за себе. Партнерот е ист како и вие па заедно ќе се насладувате, размислете само, тоа може многу скапо да ве чини.
РАБОТА: Ги избегнувате крупните обврски и трчате да ги извршите малите, а на крјаот зборувате гласно и се фалите како се вие сте сработиле. Некој повозрасен колега ќе ви покаже каде ви е местото. Бидејќи сами високо сте летнале многу ниско ќе паднете. Најдобро е да мирувате и да најдете начин да се извините за однесувањето.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со урината.