Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе бидете во можност да го вклучите вашиот шарм во своја корист. Ќе успеете да заведете некого, некој кој одамна ви се допаѓа. Оние во посериозни врски дополнително ќе ја разгорат страста.
РАБОТА: Треба да внимавате со документите поврзани за некои финансии, во спротивно ќе се најдете во хаос. Дадете си слободно време па прочитајте ги и најмалите букви во договорите кои ги потпишувате. Можна е појава на проблем.
ЗДРАВЈЕ: Добро
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Чувствувате дека е потребно да направите чекор наназад и да ја согледате ситуацијата во која се наоѓате. Размислувајте оптимистички и сите нешта ќе бидат средени. Не се заморувајте со финансиите кои можеби ве спречуваат да преземете некој чекор повеќе, трудете се на поинаков начин да дојдете до посакуваната цел.
РАБОТА: Важно е да ги искористите вашите адути на правилен начин. Оваа недела ве очекува повеќе работа, затоа молчете и работете, не се истакнувајте премногу туку обидете се да остварите добри резултати.
ЗДРАВЈЕ: Малку одмор добро би ви дошол.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Ќе бидете во искушение да побразате со нештата на љубовен план. Ќе сакате да ги забрзате работите и најверојатно така и ќе направите. Вклучете го семејството во плановите и почекајте Меркур да се отргне од Сонцето на крајот на оваа недела и тогаш преземете ги саканите чекори.
РАБОТА: Вашата работа е игра со огнот. Многу нешта ќе се случат, многу од нив ќе бидат негативни, но едноставно ќе немате друго решение. Не се грижете вашата среќна ѕвезда ќе се обиде да ги поправи работите.
ЗДРАВЈЕ: Главоболката ќе биде последица од стресот.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Време е за завршување на работите поврзани со родителските односи кои ги одолговлекувате веќе долго време. Ако брзате ќе ги прескокнете важните чекори, па затоа имајте внимателен пристап. Партнерот од вас ќе бара повеќе објаснувања за вашите постапки.
РАБОТА: Иако на деловен план се е во ред, иако добивате признанија и награди, сепак внимавајте да не се опуштите. Потребно е да се залагате и работите со сета сила. Побарајте совет од поискусните колеги да ви кажат како да постапите во одреден момент.
ЗДРАВЈЕ: Добро
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Слободното време ќе си го испланирате за вас и вашиот партнер и многу убаво ќе си поминете далеку од дргите лица. Ќе разговарате за некои ваши важни нешта и заеднички ќе донесете заклучоци. Оваа недела романтиката ќе ви биде во прв план.
РАБОТА: Одлично ви е аспектирано деловното поле, па најверојатно оваа недела ќе успеете да завршите и некои стари задачи од кои сите се откажале. Ќе бидете неверојатно креативни и ќе успеете да забележите сигурен пат за во иднина.
ЗДРАВЈЕ: Мали проблеми со настинка.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Ќе наидете на некоја личност со која најверојатно ќе имате бурна романса. Иако ќе имате спротивставени мислења во љубовта ќе имате исти идеи. Обидете се да ја исконтролирате страста со цел да не се издадете пред време, односно да не ги издадете вашите валкани планови.
РАБОТА: Меркур во Близнаци, што за вас значи многу повеќе работа и добри резултати во случај да сте подготвени да покажете што се можете. Финансиите ќе бидат вашата слаба алка, но не грижете се некој пријател ќе ви помогне околу тоа.
ЗДРАВЈЕ: Одлично, уживајте.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Ладна и комплицирана ситуација на љубовен план. Избегнувајте кавги и однесувајте се како и досега со вашиот партнер со цел да не ја расипете дополнително ситуацијата. Некое лице ќе ве советува како да постапите, послушајте го доколку тоа е постаро и поискусно.
РАБОТА: Во работата секогаш сакате повеќе да дадете отколку да добиете, со цел да не може никој да започне да анализира дали навистина доволно се трудите. Тој пристап ќе ви се исплати оваа недела, односно ќе забележите одлични резултати во работењето. На крајот бидете сигурни дека вашиот труд ќе биде богато награден.
ЗДРАВЈЕ: Проблемите со варењето можете да ги решите со поздрава исхрана.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Ќе ви се отвори можноста за решавање на еден важен проблем на приватен план, но потребно е најпрво да размислите за последиците. Оние кои се во врска не смеат да му го завртат грбот на партнерот, а оние кои не се, нека не се откажуваат во потрагата по партнер. Оваа недела е малку неповолна на љубовен план, но доколку останте смирени ќе ги избегнете проблемите.
РАБОТА: Ќе се најдете во ситуација помеѓу две групи кои војуваат. Можно е да го извлечете најдебелиот крај па затоа тргнете се од средината. Не треба да ве разочарува застојот во работата пробајте да го пронајдете вистинскиот пат.
ЗДРАВЈЕ: Внимателно со нозете, можни се повреди.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Чувствата ќе ве однесат далеку од логичните нешта. Премногу му попуштате на партнерот, можно е тој да ве искористува за некои негови цели. Внимавајте и однапред планирајте се, не за џабе се вели подобро спречи отколку да лечиш. Размислувајте со ладна глава.
РАБОТА: Не дозволувајте самозадоволството и самодовербата да ве излажат па да мислите дека можете да постигнете се, внимавајте да не се засрамите. Некоја пренагласена реакција може да ве доведе во незавидна позиција.
ЗДРАВЈЕ: Прилично добро
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Постојано ви се чини дека е потребно да редефинирате некои приватни односи кои во последниот месец ви донеле премногу стрес и мачнина, и во право сте, но бидете внимателни за да не отпишете погрешни луѓе.
РАБОТА: Отворениот и искрен пристап во овој период ќе ви донесе повеќе корист отколку сокривањето на вистината, без оглед колку тоа ви изгледа тешко. Оваа недела ви носи можност за промоција на вашите вештини, искористете го тоа на најдобар начин.
ЗДРАВЈЕ: Одморете се, исцрпени сте.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Сонцето ви носи соларен циклус и обновена енергија. Ќе ви биде едноставно да постигнете се што сакате, но потребно е да намалите некои очекувања кои ви се нереални. Разговарајте со партнерот за сите ваши планови, но не претерувајте за да не го исплашите.
РАБОТА: На работа можни се конфликти, особено ако се здружувате со одредена група на луѓе. Големата количина на работа ќе ве исцрпи. Ова е бурна недела каде ќе имате проблеми на деловното поле.
ЗДРАВЈЕ: Добро
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе се двоумите за сите нешта поврзани со љубовта. Не сте сигурни дали партнерот само ве искористува, дали е со вас од некој интерес. Доста проблематично, но оставете си малку време и не брзајте со одлуките.
РАБОТА: Ќе забележите неколку успеси во низа, средината искрено ќе ве пофали за тоа. Ќе пронајдете нов начин како да имате повеќе време за извршување на повеќе задачи. На работното место ќе бидете пофалени за вашите залагања.
ЗДРАВЈЕ: Одмарајте повеќе.