Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Оваа недела можете да им се посветите на вашите планови бидејќи наскоро ќе започнат да се остваруваат. Социјалниот живот ќе ви биде прилично богат. Кога станува збор за љубовните врски, оваа недела подобро држете се поблиску до пријателите.
РАБОТА: Имате ли можности за патување, оваа недела е идеална за тоа. Ако во деловното поле вметнете и некоја дополнителна едукација или дополнување на вашето знаење тоа ќе биде исклучително поволно за вас. Финансиите ќе ви бидат солидни, но сепак не се залетувајте со купување.
ЗДРАВЈЕ: Во ред, само потребна ви е поголема физичка активност.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Љубовта ви е наклонета иако ви се чини дека ќе постојат промени на тоа поле, сепак вашиот партнер со двете нозе стои цврсто на земја. Бидете отворени, искрени и храбри во се што сакате да кажете.
РАБОТА: Финансиската ситуација ќе ви биде поповолна, но ќе морате дополнително да се потрудите за да ја задржите работата на нивото на кое сте ги навикнале луѓето околу себе, односно шефовите и соработниците. Нека не ве зафаќа мрзата, ве очекува значително подобрување.
ЗДРАВЈЕ: Одлично, подарете си повеќе сон.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Јупитер во Девица како и планетарниот собир во Вага ќе ви донесе поддршка од луѓето кога најмалку очекувате. Сепак, бидете свесни дека ниту сите пари на светот не можат да ви купат љубов и среќа. Затоа избирајте правилно кога станува збор за животниот партнер.
РАБОТА: Повеќе ќе размислувате од вообичаено кога станува збор за деловното поле. Некои од вас ќе имаат сјајни прилики пред себе, а само од вас ќе зависи колкава заработка ќе извлечете. Внимавајте доколку соработувате со странство, оваа недела не е поволна за тоа.
ЗДРАВЈЕ: Намалете го стресот, останатото е добро.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Меркур во Стрелец ќе ви донесе обиди на едно лице да ви се приближи и да ве пробуди од вашиот сон. Ќе морате во последен момент да одлучите за што ќе се определите, внимавајте на понудата, може да биде и недолична за вас.
РАБОТА: Секојдневните обврски секојдневно се повеќе ќе растат, а вие ќе се чувствувате се поуморно и поисцрпено. Ќе морате често да се извлекувате во последен момент и да импровизирате со вашата способност кога станува збор за деловното поле и работните обврски.
ЗДРАВЈЕ: Ќе чувствувате голем замор.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Оваа недела сте посебно концентрирани на одредена личност и ќе направите се само да се прилагодите на неговата/нејзиното внимание. Сепак деловните обврски може да ви го попречат приватниот живот. Немојте да бидете нападни.
РАБОТА: Повторно се буди вашата екстраваганција. Тешко ќе одолеете оваа недела да не потрошите некој денар повеќе, а тоа може да ви донесе кавги во приватниот живот. Пред вас е напорна недела за која ќе ви биде потребна голема енергија и прецизност во донесување на одлуките.
ЗДРАВЈЕ: Потребна ви е физичка активност.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Оваа недела нема да бидете најсреќни кога станува збор за врските и односот со партнерот. Имате многу нешта на ум па подготвени сте да скокнете наеднаш и при најмала примедба на партнерот. Не правете слон од обичната мравка, можно е многу да загубите.
РАБОТА: Вашиот владетел Меркур ви ја отвора вратата за креативните работи. Ќе имате голема волја и желба за средување на работите што поскоро, но и понатака сте во опасност од преземање на премногу обврски врз вашиот грб. Заврштете се што веќе сте започнале и не преземајте нови нешта.
ЉУБОВ: Ќе се чувствувате добро, но добро би било да го зголемите спиењето.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Нема да помине уште долго време пред да започне сложувалката да се реди сама. Во меѓувреме не дозволувајте трачевитее да ве онерасположат или да ви го расипат тоа што досега сте го постигнале. Позитивен период за љубовниот живот.
РАБОТА: Сонцето во Стрелец во следните неколку недели ќе биде прилично поволно кога станува збор за работата. Комуникацијата е исклучително нагласена, па вашата способност за убедување и уверување ќе ви донесе многу повеќе отколку работата.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе ви биде важно да останете отворени за секаков вид на комуникација, особено ако не сте во врска, а би сакале да влезете во некоја. Немојте да вложувате повеќе од тоа што го добивате назад. Ако нешто не оди, едноставно не оди, сфатете го тоа.
РАБОТА: Оваа недела ќе имате зголемени барања од страна на вашите надредени, па можно е да ви биде доделена некоја задача која воопшто не е од вашиот домен. Немојте веднаш да се буните, потрудете се да ја завршите и покажете дека сте одлични на секое поле.
ЗДРАВЕ: Намалена енергија.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Оваа недела Месечината ќе ве направи тешко лице за дружење. Ќе ви биде најдобро доколку малку се повлечете во себе и не комуницирате на иритантен начин со околината. Внимавајте некој можете сериозно да го повредите и многу да загубите.
РАБОТА: Месечината во вашето поле за кариера ви носи поволни финансиски прилики. Ќе ја намалите својата зависност од некој или нешто, а тоа ќе ве направи многу задоволни. Решете ги финансиските проблеми додека сеуште се мали.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со белите дробови.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Иако се чувствувате притиснати од барањата на другите кои само се зголемуваат како и одговорностите кои се повеќе ги имате, сепак ќе најдете минута време и за себеси. Посветете си љубов, грижа, нега и внимание самите на себе.
РАБОТА: Засега не се зафаќајте со поголеми работи или деловни одлуки. Имате поддршка зад себе, но работите ќе се одвиваат потешко поради некои нешта кои се случиле а вие на нив не можете да влијаете. Намалете ги нервозите, за нив не сте платени.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Ќе сакате некаква промена, можеби нов партнер ако стариот не ги слуша вашите препораки или можеби промена на друштвото кога станува збор за пријателите. Сепак немојте да бидете нагли во одлуките, можно е некого да повредите.
РАБОТА: Вашиот духовен раст ќе ви обезбеди напредување и средување на сите досега нејасни работи. Во деловниот свет ви претстои стабилност и сигурност, а и финансиската страна ќе ви биде значително подобрена.
ЗДРАВЈЕ: Зголемен замор кој ќе ви донесе главоболки.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Нема да имате ниту време ниту разбирање за вашиот партнер, само ќе му наредувате. Ќе бидете прилично непријатни и кон останатите блиски лица, па некој многу близок ќе ве напушти. Нема да прифатите ниту еден предлог од вашата околина.
РАБОТА: Дарежливиот Јупитер ќе ви донесе прилично плоден период кога стануа збор за работата. Конечно дојде времето кога ќе ги добиете сите досега заслужени признанија. Луѓето на повисоките места ќе бидат импресионирани од вашата работа, а вашето его постојано ќе расте.
ЗДРАВЈЕ: Намалете со нервозите, можни се појави на зголемен притисок.