Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Понекогаш ви се чини дека семејството и партнерот бараат премногу од вас, а оваа недела ќе биде токму таква. Потребен ви е одмор и мир, па затоа наместо да се карате со нив, кажете го тоа јасно и гласно.
РАБОТА: Во текот на неделата можно е да дојде до нагло подобрување на односите со некое лице кое е исклучително важно за вашата кариера. Ќе сфатите што досега ве попречувало и ќе направите важен чекор напред.
ЗДРАВЈЕ: Одмор, одмор и само одмор, во секој момент кога тоа е можно.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Иако во последно време сте малку збунети од случувањата околу вас, работите конечно се смириле и сега вие сфаќате што треба да направите. Ви претстои прекрасен период во кој љубовниот план ќе ви носи голема среќа.
РАБОТА: Венера, вашиот владател, поминува низ Рак, а тоа ќе ви помогне да ги решите проблемите и да имате појасна и поквалитетна комуникација со луѓето кои ви се важни на деловен план.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте со храната, малку претеравте.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Влезот на Сонцето во вашиот знак ќе ви донесе брутална искреност и желба да ги решите настанатите проблеми. Ќе биде потребно да му се извините на партнерот, а вие тоа без проблем ќе го направите откако на средина на неделата ќе сфатите дека навистина сте погрешиле.
РАБОТА: Распоредот на планетите ве тера да поставите повеќе цели, а за тоа ќе ви биде потребна помош и од другите. Постојано ќе бидете во трка со времето, ќе има несогласувања и кавги, но улогата ќе ја изиграте до крај. Исфрлете го сето она што ве прави непродуктивни.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Прилично осетлив период за Раковите кои веќе неколку пати се нашле во ситуација да сакаат да побегнат од се. Ќе имате неколку непријатни реакции кои ќе го налутат партнерот. Односот на Сонцето и Нептун ќе ви пречи, но не премногу.
РАБОТА: Од вас оваа недела ќе се бара многу, вие некако ќе се двоумите што да направите, но на крајот навистина ќе ви стане јасно дека е потребно да започнете уште веднаш една по една обврска да ја расчистувате.
ЗДРАВЈЕ: Физичката активност ќе ве опушти и ослободи од стресот.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Иако планетите во оваа недела нема да ви бидат од помош, сепак ќе ве поттикнат да направите некои промени. Потребно е да расчистите многу нешта на љубовен план, време за чекање немате, па затоа застанете цврсто на нозе и впуштете се во акција.
РАБОТА: Сакате да напредувате, но искрено немате некои услови за тоа, ситуацијата на вашето работно место е тешка, недостасуваат финансии, па сето тоа ќе ве депримира. Доста ви е од лажни ветувања.
ЗДРАВЈЕ: Одлично, без грижи.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Иако среќата е на ваша страна, нештата можат да се искомплицираат кога ќе дознаете дека партнерот криел нешто од вас. Тоа многу ќе ве навреди и ќе ви го уништи расположението оваа недела. Оние кои не се во врска, ова е неповолна недела за да очекувате средба со ветувачка иднина.
РАБОТА: Бидете насочени кон вашата цел и целта на компанијата во која работите. Големата концентрација ќе ви помогне да се изборите со комплицираната ситуација која во оваа недела ќе биде нагласена. Ќе бидете предупредени од страна на надредените дека недоволно се залагате.
ЗДРАВЈЕ: Потешкотиите со варењето решете ги со промена на исхраната.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Искористете ја наклонетоста на саканото лице и завртете ги работите во своја полза. Ќе постои двоумење во врска со саканото лице, а тоа ќе го забележи и вашето семејство, решете се еднаш засекогаш.
РАБОТА: Имате голем број на важни работи за завршување кои не смеете да ги одложите. Настаните ќе течат еден по еден а вие ќе бидете преморени од работа. Сето тоа на крајот од неделата ќе исплива на површина, кога ќе бидете наградени за вложениот труд.
ЗДРАВЈЕ: Можна е главоболка, но без грижи.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Во моментот семејството ви е најважната поткрепа во животот. Подгответе го партнерот и искрено кажете му дека се подготвувате за некои поамбициозни проекти во животот. Некој искрен разговор со саканото лице ќе ве направи среќни.
РАБОТА: Магловитата ситуација на деловното поле ќе започне да се расчистува, но сепак немојте да мислите дека ќе имате време за одмор. Повторно е потребно да дадете се од себе за да можете конечно да го разведрите деловното поле.
ЗДРАВЈЕ: Добро, без посериозни потешкотии.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Сменете го пристапот кон партнерот и обидете се повеќе да го сфатите. Исполнете неколку негови желби и бидете фер со него. Некој потег на семеството може да ве навреди, но сепак на крајот ќе сфатите дека едноставно не е можно поинаку.
РАБОТА: Ќе сакате малку да паузирате и одморите, тоа ќе ви биде овозможено, но бидете свесни дека по одморот ќе мора двојно да работите. Ќе бидете повикани на некое деловно случување каде ќе запознаете важни лица.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Партнерот ќе ве навреди и натажи но откако добро ќе размислите ќе увидите дека всушност вие сте погрешиле. Извинете му се за постапките кои создале бурна реакција кај него. Оние кои не се во врска имаат шанси за одличен состанок, каде најверојатно ќе ја најдат личноста со која можат да планираат заеднички живот.
РАБОТА: Премногу проекти, премногу работа, смирете се, без нервоза. Решавајте се што ќе тропне на вашата врата, секој проблем, проект, реализирајте ги сите поставени задачи, некој го следи вашиот труд и за тоа ќе бидете наградени.
ЗДРАВЈЕ: Можна настинка и бактериска инфекција.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Постојано имате потреба партнерот јавно да ви докажува колку ве сака. Не ја искористувајте неговата љубезност, можно е да се навреди. Нека не ве радуваат скапите подароци, нека ве радува заедничката среќа и насмевки.
РАБОТА: Ќе учествувате на некој настан на кој ќе биде потребно да ги докажете своите вештини. Нека не ве нервира лицето кое ќе ве испрашува, само сака да ги дознае вашите можности. Ќе биде повикани да учестувате во јавна дебата, во која одлично ќе се претставите.
ЗДРАВЈЕ: Одлично, но не за долго.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Ако не можете да спиете, не бројте овци, туку седнете и поразговарајте со партнерот, нештата кои ве измачуваат може заеднички да ги решите. Оваа недела ќе водите тешки преговори, но сепак на крајот на неделата ќе дојдете до поволно решение.
РАБОТА: Смиреноста и концентрацијата ќе ви помгонат да ги совладате комплицираните ситуации во вашата деловна средина. Успешно ќе ги избегнете проблемите и нема да ја почувствувате кризата.
ЗДРАВЈЕ: Добро, пронајдете активност со која ќе го елиминирате стресот.
Comments are closed.