Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Постојано ви се чини дека е потребно да редефинирате некои приватни односи кои во последниот месец ви донеле премногу стрес и мачнина, и во право сте, но бидете внимателни за да не отпишете погрешни луѓе.
РАБОТА: Стресот и маките кои ги чувствувате ќе се намалат драстично во овој период, бидејќи некои ситуации ќе се решат, а новите работи ќе бидат подобри и поедноставни, па ви претстои и финансиска консолидација.
ЗДРАВЈЕ: Одморот ви е нужно потребен.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Во љубовта ќе бележите носи успеси, поволни ситуации и мали и слатки изненадувања. Едноставно ќе се чувствувате најсакани. Партнерот на сите можни начини ќе ви докажете дека планира нешто посериозно со вас. Оние кои не се во врска, оваа недела ги очекува интересна средба.
РАБОТА: Отворениот и искрен пристап во овој период ќе ви донесе повеќе корист отколку сокривањето на вистината, без оглед колку тоа ви изгледа тешко. Оваа недела ви носи можност за промоција на вашите вештини, искоритте го тоа на најдобар начин.
ЗДРАВЈЕ: Прилично добро.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Завртете се кон своите најблиски и бидете со нив што е можно повеќе, пронајдете време за се што сакаат и на тој начин ќе ја зацврстите врската. Партнерот за вас е најголемиот мотив, па затоа вратете му за таа услуга.
РАБОТА: Не се истакнувајте премногу во деловниот круг, постојат мали проблеми кои другите треба да ги решат. Обавувајте ги обврските навремено и се ке биде добро. Овој период потребно е малку да премолчите за случувањата.
ЗДРАВЈЕ: Главоболката е последица од стресот, започнете да вежбате.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Самосталниот живот не е за вас, затоа фрлете се во потрага по нови луѓе, нова њубов. Ќе бидете наивни па можно е да му поверувате на некој кој сака само да ве искористи.
РАБОТА: Побарајте помош од колегите и пријателите во решавањето на важните финансиски прашања, бидејќи некои од советите кои ќе ги добиете ќе бидат непроценливи. Не се срамете од тоа што не можете сами да го решите овој проблем.
ЗДРАВЈЕ: Добро
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Се наоѓате пред решението на некои дилеми во приватниот живот, па немојте да бидете нетрпеливи при дефинирањето дали потенцијалниот партнер ви е само драг пријател. Стрпете се уште малку и одговорот сам ќе дојде.
РАБОТА: Добриот однос на планетите оваа недела укажува на можност за разрешување на некои финансиски лавиринти во ваша корис. Долго се боревте за своите идеи и начин на работа, па сега земете си ги плодовите од успехот.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на исхраната.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: На љубовен план ќе се случи нешто интересно, без оглед дали сте во врска или не. Партнерот или потенцијалниот партнер пријатно ќе ве изненадат со некој гест.
РАБОТА: Обврските на работа оваа недела можно е малку да ги запоставите поради љубовниот живот, во тоа успешно ќе ве сокријат колегите кои ве поддржуваат. Не се грижете по смирувањето во прватниот живот успешно ќе им се вратите на обврските.
ЗДРАВЈЕ: Болка во грлото или некоја мачнина ќе ве излудуваат, но сето тоа е од стрес.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Оваа недела ќе се двоумите за сите нешта поврзани со љубовта. Не сте сигурни дали партнерот само ве искористува, дали е со вас од некој интерес. Доста проблематично, но оставете си малку време и не брзајте со одлуките.
РАБОТА: Упесите ќе ги бележите еден по еден, непрекинато. Вие сте експерт за вашата работа. Пофалбите и аплаузот нема да изостанат. Ви претстои и парична награда.
ЗДРАВЈЕ: Добро.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Некои лица во последно време очајно се труделе да го добијат вашето внимание, но вас тоа не ве интересирало. Бидејќи тркалото се врти, оваа недела вие ќе се најдете на нивното место, ќе барате внимание но нема да го добиете.
РАБОТА: Динамичниот однос на планетите ви носи тешки периоди и проблематични ситуации. Некои нови информации оваа недела ќе ви помогнат да ја поправите малку ситуацијата.
ЗДРАВЈЕ: Краток одмор со семејството би ви бил од голема корист.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Ако вашиот љубов живот во последно време бил вистинска збрка, тоа ќе започне да се решава во текот на оваа недела. Но сепак сеуште не е време јавно да ги искажувате чувствата, можно е да бидете повредени.
РАБОТА: Сите информации кои ќе ги соберете ќе бидат неточни, а тоа може силно да го разлути вашиот тим. Постои можност да бидете казнети поради несериозноста. Побарајте совет и помош од некој колега во знакот на Вага.
ЗДРАВЈЕ: Доста добро, но потребно е да се движите повеќе.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Некои нови и интересни случувања ќе преовладуваат оваа недела. Оние кои не се во врска ќе бидат во некое интересно друштво каде постои можност да ја најдат љубовта на својот живот. Пасивните Јарци ќе имаат проблем со комуникацијата.
РАБОТА: Важните и неодложни работи ќе ги завршите навремено, а оние другите ќе почекаат малку. Некоја Водолија ќе се обиде да ви напраи проблем, но вие ќе ја спречите. Оваа недела е поволна за истакнување на деловните состаноци.
ЗДРАВЈЕ: Прилично добро, без некои поголеми потешкотии.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Мирен љубовен период во кој страста ќе биде нагласена. Можно е да добиете и некоја непристојна понуда. Оние во врска заеднички ќе истражуваат нови интересни нешта.
РАБОТА: Солиден период во кој посебно оваа недела ќе забележите позитивни резултати. Внимавајте малку на финансиите, постои можност дури и да ви бидат украдени пари. Отворете четири очи.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со жолчката, прочистете го телото.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Рибите во врска оваа недела ќе ги зафати монотонија, па можно е некој да се обиде да седи на две столчиња. Оние кои немаат партнер ќе бидат во активна потрага за нова љубовна врска. Рибите кои се срамежливи нема да успеат да воспостават интимна комуникација.
РАБОТА: Не се напрегајте непотребно, не се ангажирајте премногу, можно е да бидете разочарани кога ќе увидите дека тоа никој не го цени. Вашите претпоставени нема да имаат слух за вашите потреби, затоа нека не ве нервира тоа. Период во кој повеќе треба да се грижите за вас, отколку за работата.
ЗДРАВЈЕ: Одлично, намалете со нервозите.