Фармацевтот Рахманберди Торебеков (28) од Казахстан денеска е осуден на 25 години затвор откако ја силувал и ја обезглавил студентката по мода Ајазана Едилова (19) кога таа одбила да има секс со него.
На 19 март минатата година Едилова отишла во станот на Рахманберди да му го измери оделото што го нарачал од локален кројач кај кој бил вработена студентката. Последен пат била видена жива во ходникот од неговата зграда како заедно влегуваат во лифтот кон неговиот стан, по што Ајазана требало да се сретне со нејзиното момче.
Сепак, Торебеков ја силувал и ја убил откако таа одбила да има врска со него, сметаат истражителите. Потоа и го распарчил телото, ја обезглавил и ги извадил сите заби и нокти во обид да го сокрие злосторството. Потоа ја сварил отсечената глава на студентката во вода на шпоретот.
Нејзиното момче ја алармирало полицијата која упаднала во станот на Торебек, додека тој сам се обидел да си го пресече вратот. Тој бил однесен во болница, а подоцна признал дека и го распарчил телото и ги расфрлил деловите во контејнери низ целиот град. Тој се сметаше за богат фармацевт од угледно семејство во Алма Ата.
Убиството го признал во март 2021 година, а сега му е стасана казната од 25 години, како и да му плати на семејството на жртвата отштета од околу 40.000 евра. Деталите за монструозното убиство биле толку вознемирувачки што пред судот биле изнесени во тајност, но семејството на убиената студентка не е задоволна од пресудата.
Торебек го нарекувале „злобен манијак“ и веруваат дека тој никогаш не треба да излезе од затвор.
-Кога ги видовме фотографиите од деловите од телото, видовме дека секој нокт е изваден, секој заб е изваден и се е ставено во посебни пластични кеси. Зошто мораше да го направи ова освен ако не е манијак? Ако само сакал да го скрие злосторството, зошто морал да и го направи тоа? Зошто полека и ја отсече главата и ја свари во вода?, изјави роднината на убиената, Алмат Муликов.