Морбидна сцена се случила синоќа на плоштадот на Републиката во Белград, а како што може да се види во видеото објавено на страницата на Инстаграм „mojbeograd_rezerva“, момче и девојка се расправаат, таа наводно го напушта, како што пишува во описот на видеото, се врти и заминува.
Момчето потоа почнува да трча преку раскрсницата, игнорирајќи го сообраќајот, налетува на столб, се сопнува и паѓа директно пред тролејбусот.
За среќа, возачот реагирал во вистински момент и закочил, па на момчето не му се случило ништо. Како што може да се види понатаму, девојката вознемирено дотрчува до него, го крева, го повлекува на страна, а кавгата продолжува.