Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на теренот и остана во несвест за време на натпреварот помеѓу Данска и Финска.
Натпреварот од групата Б се игра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, а Ериксен, sвездата на Интер, се сруши на теренот кон крајот на првиот дел од натпреварот.
Лекарите веднаш притрчаа да му помогнат и се обидоа да го оживеат на самото место со масирање на градите.
За тоа време, соиграчите почнаа да плачат, навивачите се фатија за главите, а Ериксен не даваше знаци на живот.