Забава на која еден пар во Мексико сакал да им го открие полот на бебето на своите пријатели се претворила во страшна трагедија.
Имено, двојката најмила мал авион кој требало да ги прелета и да фрли розов или син прав што би го открил полот на нивното дете.
Но, во моментот кога авионот се приближил до идните родители, кои стоеле до знакот, авионот од кој се испуштал розовиот прав, почнал да се урива.
Додека среќната двојка се бакнувала и го прославувале своето ново бебе, малиот авион се урна и пилотот загина
https://twitter.com/i/status/1698353552848982271
Пред да сфатат дека се случила трагедија, парот продолжил да се гушка, а членовите на семејството им честитале.
Луис Анхел Н. (32) бил пилотот и единствениот човек во малиот авион, јавуваат локалните медиуми. По несреќата бил пронајден како лежи под остатоците. Тој итно бил пренесен во болница каде за жал починал, според Мрежата за воздухопловна безбедност.
Видеото од овој трагичен момент стана вирално на социјалните мрежи, а се појави и фотографија на која се верува дека го прикажува целосно уништеното летало, пишува Дејли Меил.