Полицијата го уапси Лазар М. (25) поради сомнеж дека со помош на Саше Ж. (40) во селото Избеница, нападнал и повредил пет лица, меѓу кои и еден полицаец.
Две лица се здобиле со тешки повреди, а три со полесни повреди. Според неофицијалните информации, едно лице е префрлено во Клинички центар во Ниш. Полицијата веднаш реагирала и ги уапсила осомничените, но за време на апсењето повреден е еден полицаец, а оштетено и едно полициско возило.
Мотивот за нападот ќе се отврди во текот на истрагата, а младото момче одело по улица и со тап предмет ги удирало случајните минувачи.