Манекенката Ребека Ландрит е пронајдена мртва покрај пат во Пенсилванија.
За ова монструозно убиство бил уапсен возач на камион од Тексас.
Истражителите во извештајот навеле дека поранешната манекенка била застрелана 18 пати, а раните биле видливи на вратот, главата, грлото, рацете и градите. Полицијата верува дека била убиена неколку часа пред да биде пронајдена.
Кога ја пронашле, таа немала никакви документи со себе, но отпечатоци од прсти биле доволни на истражителите да утврдат која е таа.
26-годишниот возач на камион бил поврзан со локациите што се појавуваат на сметките пронајдени со Ребека, а податоците во мобилните телефони и видеата од камерите и помагале на полицијата да утврди дека е тоа така. Полицијата крвави чаури и чаури во камионот на Ролинс, кои тој се обидел да ги исчисти со избелувач. Тој бил уапсен, три дена по пронаоѓањето на телото на Ребека, во Конетик, оддалечен околу 250 милји.