Њујорк стана најголемо жариште на коронавирус во САД каде бројот се зголеми на 1.050 починати. Еден на 1,000 њујорчани веќе е заразен, што е една петина од вкупно заразените во САД.
За таа цел на Менхетн, пред болницата “Белви“ е поставена импровизирана мртвачница.
Универзитетот од Њујорк им понуди на студентите по медицина привремени дипломи како би се придружиле во борбата со коронавирусот.
Гувернерот Ендрју Куомо смета дека зголемување на интезитетот на заразата е поради густината на градот каде 8,6 милиони луѓе посетуваат подземна железница, лифтови, стамбени згради и канцеларии, а потенцираше дека Њујорк е влезот во САД за патниците од целиот свет.
Многумина стручњаци сметаа дека Њујорк задоцни со одлуката за ограничено движење кое беше активирано на 22 март, што е многу подоцна отколку во други градови во САД. Првиот позитивен тест беше откриен на 2 март, кај еден здравствен работник кој се врати од Иран.