Француското обвинителство покрена истрага за повеќекратно убиство откако беа пронајдени пет тела во градот Мео, североисточно од Париз.
Локалните медиуми јавуваат дека жртвите се жена и нејзините четири деца, пренесува „Фигаро“.
Веб-страницата Actu17, која прва објави за овој случај, наведува дека полицијата трага по 33-годишниот татко, кој е „во бегство“.