Формула 1 беше потресена од шокантната смрт на Натали Малет, директорката на Белгиското ГП, која е осомничена дека претрпела насилна смрт.
Малет (51) беше пронајдена мртва покрај нејзиниот сопруг и друга жена во нејзиниот дом во Луксембург.
Јавниот обвинител издаде соопштение во кое се наведува дека три лица завршиле мртви по пукањето.
„Десет минути по полноќ, телата на две жени и еден маж беа пронајдени од полицијата во Гувија, сите три со прострелни рани“- се вели во соопштението.
Според првите информации, мажот пукал во двете жени со пиштол, по што извршил самоубиство.
Според извештаите на медиумите, сопругот на Натали ја нашол со својата љубовница Ана Лоренс Дурво.
Ги нашол двете жени во спалната соба и испукал неколку куршуми кон нив, пред да се самоубие.
Овој настан ги шокираше сите во Формула 1, па затоа ѝ оддадоа почит низ целиот свет.
Таа стана директорка на трката во Белгија во 2016 година.