ХОРОР ВО ТУРЦИЈА: Татко си ја искасапил ќерката, стомачна танчерка (ФОТО)

by Тони Зографски

Хасан Услу е уапсен поради сомнеж дека ја убил својата ќерка Дидем (32), ја искасапил и ја закопал во блиската шума.

Хасан кој е кебаб-мајстор наводно по голема кавга ја убил ќерка си која е танчерката на стомачен танц, и како што тој изјавил на полицијата причина за крвавото дело било: “Дидем го увредила него и неговата жена“.

Тој прво ја удавил, па ја искасапил со своите огромни ножеви, а деловите од телото ги ставил во фрижидер. Подоцна ги ставил во ранец и ги закопал во шумата. Кога завршил со операцијата, фрижидерот го продал во продавницата за половна опрема.

Злосторството е откриено откако некој ја пронашол раката на Дидем завиткана во весник. Полицијата со кучиња трагачи ги нашла и останатите делови од телото кој биле прецизно исечени.

Хасан го признал делото и ја покажал локацијата каде ја закопал својата ќерка.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com