Во БиХ тузланската населба Слатина, мало дете почина вечерва, откако падна од висококатница од 15 кат, објавија босанските медиуми.
„Околу 19 часот и 40 минути во ЈУ Центар Тузла пристигнале повеќе пријави од граѓани кои пријавиле дека мало дете паднало од стан од 15 кат од зградата. Веднаш по пријавата на местото на настанот е испратено возило на Итна медицинска помош, дежурни полицајци од ЈУ Центар и припадници на криминалистичката полиција Тузла. Итната медицинска помош ја констатирала смртта на детето“, изјави портпаролката на полицијата за порталот „Аваза“.
На местото на настанот пристигнале и истражители од Одделот за криминалистичка полиција, Одделението за општ криминал и Одделот за криминалистичка полиција во Тузла, како и дежурниот обвинител.