Во Израел беснее војна, а „Спорт 5“ пренесува дека внукот на некогаш најпознатиот фудбалер во Израел, Бенајун во својата куќа убил тројца членови на Хамас!
Бенајун, кој моментално е технички директор на израелската репрезентација, по ова се огласи во јавноста и најави дека Израел ќе ги одложи натпреварите со Швајцарија и Косово бидејќи „никому во моментов не му е грижа за фудбалот“.
Семејството на Бенајун живее во Појасот Газа, а неговиот внук убил тројца борци на Хамас кои се инфилтрирале во населбата и влегле во неговата куќа.
Јоси Бенајун не е единствениот спортист нападнат. Видовме како Бибарс Нато реагираше на војната, а неколку репрезентативци на Израел сведочеа дека нивните пријатели и семејството се во опасност.