ПОЛИЦИЈАТА во сибирскиот град Кизил уапсила 23-годишно момче откако девојчиња на возраст од девет и 14. години биле фрлени од осмиот кат во зграда.
Соседите од комплексот згради во градот Кизил, рекле дека слушнале страшни врисоци, кога девојчињата паднале во смрт, од висина од 24 метри, пренесува Miror..
Соседите од комплексот згради во градот Кизил, рекле дека слушнале страшни врисоци, кога девојките паднале од висина од 24 метри.
Очур Санчат, млад човек осомничен дека е одговорен за смртта на овие две сестри, инаку е роднина на нивната мајка. Тој наводно тврдел дека биле „прегласни“ во станот, во кој изнајмувал соба, бидејќи поради кражба на автомобил бегал од претставниците на законот, велат од полицијата.
Нивната мајка работела ноќна смена во кафуле, кога и биле убиени ќерките, додека нејзиното трето девојче, во тој момент спиело и останало неповредено.
На Санчат му е одреден двомесечен притвор поради сомнение дека извршил двојно убиство. Полицијата соопшти дека мажот признал дека ги фрлил низ прозорецот.
Тој избегал и не дошол на судење, па по него била распишана потерница. Сосетката и се јавила на нејзината мајка, кога ги слушнала девојчињата.
– Ме разбуди страшен крик и тресок на вратата од балконот, кој тресна. Како што сфатив што се случува, буквално една минута подоцна се слушна силен татнеж и девојчето повторно вриштеше. Сето тоа траеше можеби неколку минути – рекла Ирена.
Сето тоа, како што рекла жената, се повторило уште еднаш и бидејќи била сама со децата дома, не се осмелила да види што се случува, туку веднаш повикала полиција