Тинејџери во парк во виенската област Фаворитен зад една дрвена ограда во паркот Валдмилер, пронашле крвава кеса, а кога ја отвориле останале во шок. Во кесата се наоѓало мртво машко бебе, замотано во црвена крпа.
Со обдукција на детето утврдено е дека истото лежело мртво во паркот од три до седум дена.
Пластичната вреќа во која е пронајдено детето, според наводите на полицијата е од еден од супермаркетите.
Дали детето било живо после раѓањето ќе се утврди со посебен преглед, а полицијата интензивно трага за мајката на мртвото бебе.
Истражителите ги молат граѓаните за помош и информација и да пријават лица кои до неодамна биле бремени, а сега тврдат дека имале абортус или го дале бебето на посвојување.