Во загребската населба Млиново, татко си ги убил двете деца, а потоа сам си го одзел животот, неофицијално дознава Јутарњи лист.
Злосторството се случило ноќеска околу два часот по полноќ, а како што наведува Јутарњи.хр, досега полицијата официјално не открива детали за оваа трагедија во главниот град на Хрватска.
Според се уште неофицијални информации, пријавата во полиција гласела дека таткото си ги задавил двете деца, а потоа си го одзел животот.
Според претходните неофицијални податоци, во Млиново се слушало и пукање.