14-годишно девојче загина во забавен парк во Данска, откако задниот дел од вагонот на при возењето на „ Cobra Ride “ се откачил а вагонот излетал од шините.
Задниот дел од вагонот се откачил и висел под остатокот од возот во забавниот парк, изјави за ТВ2 менаџерот на тематскиот парк Хенрик Рагборг Олсен. Несреќата се случила во забавен парк во градот Архус.
Во несреќата 13-годишно момче се здобило со тешки повреди на раката. Од паркот на Фејсбук објавија дека несреќата се случила додека линијата работела и дека се скршил дел од последниот вагон.
Полицијата околу 12:50 часот добила дојава за несреќа во забавниот парк, при што било пријавено дека возот се запрел додека возел и дека луѓето се заглавиле. Две лица кои седелена задните седишта од возот се пренесени во болница, објави локалниот весник „Екстра Бладет“.
Полициската истрага за причините за трагедијата е во тек, пренесе Индекс.хр.