Во домот на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лејен, се случил масакр, а нејзиниот сопруг бил очевидец на ужасот. Шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен е сериозно загрижена.
Понито на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го загубил животот кога било нападнато од волк на имотот на германскиот политичар во Бургдорф Бејнхорн во германската покраина Долна Саксонија.
Телото на понито било пронајдено од нејзиниот сопруг Лаиен Хеико, а волкот го поштедил животот на друго пони кое било во близина, јавуваат германските медиуми.
Урсула фон дер Лајен, која е позната како љубител на коњи, изјавила дека “целото семејство е многу вознемирено“, пренесува “Телеграф“.
Германската политичарка од 2007 година живее на селски имот со сопругот и нивните седум деца, а детството го поминала таму со нејзиниот татко Ернст Албрехт, кој бил премиер на Долна Саксонија, и нејзината мајка Хајди Адел.