Млад турист (21) од Англија, кој за време на годишниот одмор ангажирал хеликоптер да ги обиколува грчките острови, трагично загинал кога пропелерот на еден од хеликоптерите го растргнал недалеку од Атина.
Трагедијата се случила во понеделникот попладне на хелиодромот во Спата, недалеку од атинскиот аеродром, каде младото момче со семејството требало да се качи во приватен авион и да се врати во Велика Британија
Младиот човек бил во едниот хеликоптер со тројца пријатели, додека во другиот хеликоптер биле неговите родители.
Групата претходно престојуваше во Миконос, а планот бил синоќа да полета за Англија.
Двата хеликоптера летале еден по друг кон Атина, а на хелиодромот прв слетал Бел 407, во кој било момчето со пријателите.
Под околности кои допрва треба да се утврдат, младиот човек се закачил за пропелерот по излегувањето од леталото, а перките го распарчиле.
Шокираниот пилот веднаш го повикал својот колега во другиот хеликоптер и му кажал што се случило, по што вториот хеликоптер продолжил да кружи за родителите да не се шокираат кога ќе го видат осакатеното тело на нивниот син. Хеликоптерот кружел додека не бил ослободен да слета на аеродромот во Атина.
Во тек е истрага, а пилотот е приведен поради сомнение за убиство од небрежност.