Жена на возраст од 78 години, синоќа била убиена во својот дом, објави Алсат -М.
Според информациите, сторителот бил во нејзината куќа, каде што имало уште две други лица кога ги нападнал со нож.
Возрасната жена починала на самото место на настанот, а двете други лица, еден маж и една жена, се пренесени на скопските клиники.
Во врска со случајот утринава било приведено 46-годишно лице.
Неофицијално, мотивот за убиството се нерасчистени долгови.