ХОРОР ВО ГЕРМАНИЈА: Шестгодишно момче пронајдено мртво во автомобил во шума, мајка му била до него

by Тони Зографски

Шестгодишно момче било пронајдено мртво во автомобил на шумска патека во Бранденбург. Според германската полиција, мајка му била пронајдена во автомобилот и добила лекарска помош.

Според пријавата, детето има шест години, а мајката 40. Паркираниот автомобил бил пронајден околу 1.52 часот.

Полицијата, спасувачките служби и болничарите биле на местото на настанот рано наутро, а областа на шумската патека била опколена. Патеката се наоѓа во близина на автопатот 10 кај Шенефелдер Кројц.

Покрај брзата помош, на самото место биле и вештаци од судска медицина.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com