10-годишното девојче Сара Шариф на 10 август било пронајдено мртво во нејзиниот дом во Вокинг, Британија, што предизвика голема истрага и меѓународни потерници.
Телото на Сара било пронајдено откако нејзиниот татко повикал полиција од Пакистан.
Полицијата сега трага по 41-годишниот Урфан Шариф, таткото на Сара, неговата 29-годишна партнерка Беинаш Батул и неговиот 28-годишен брат Фајсал Малик, кои наводно отпатувале во Исламабад ден пред да биде пронајдено телото. Кога слетал во Исламабад, таткото повикал полиција, која потоа го пронашла телото. Полицијата не открива што им рекол таткото.
Обдукцијата покажала дека девојчето имало тешки повреди кои укажуваат на тоа дека била малтретирана подолг временски период. Полицијата потврдила дека семејството ѝ било „познато на полицијата“, но не соопштиле повеќе детали.
Полицијата во Пакистан за Би-Би-Си потврдиле дека ги сослушала, но не и ги уапсила двајцата браќа Шариф, како и неговиот татко. Браќата Имран Шариф и Зариф Шариф живеат во Пакистан. Имрам, вујкото на Сара, тврди дека таа паднала по скалите и си го скршила вратот.
“Урфан дојде дома вознемирен некое време, зборуваше дека некој ќе му ги земе децата. Беинаш беше дома со децата. Сара паднала по скалите и го скршила вратот”, ѝ рекол вујкото Имран на пакистанската полиција. Истрагата е во тек, пишува Би-Би-Си.