Најмалку четири деца се убиени откако 25 – годишен маж упадна со секира во градинка во бразилскиот град Блуменау.
При нападот повредени се уште четири деца, од кои едно е во критична состојба. Полицијата за локалните медиуми изјавила дека напаѓачот сам се предал и дека се наоѓа во притвор. Во моментот на нападот во градинката имало околу 40 деца.
Бразилските медиуми јавуваат дека убиецот е 25-годишниот Луис Енрике де Лима, кој работел како курир на мотор и наведуваат дека по злосторството ѝ се предал на полицијата.
Според полковникот Диого од воената противпожарна бригада Санта Катарина, Луиз го прескокнал ѕидот вооружен со ладно оружје: „Имаше секира и ги удираше децата, особено по главата“.
Во неговиот крвав поход загинаа три девојчиња и едно момче на возраст од 5 до 7 години, кои од ударите починале на лице место.
Се уште нема информации за мотивите на ова злосторство, бидејќи убиецот не дал никаква изјава.
Од локалната противпожарна служба соопштуваат дека напаѓачот го прескокнал ѕидот за да влезе во приватната градинка и дека по случаен избор ги избирал своите жртви.
Градските власти прогласија тридневна жалост во провинцијата санта катарина и најавија дека наставата во градинката ќе биде прекината и денеска.
BREAKING: Man with hatchet attacks a daycare / pre- school in Blumenau, Brazil, 4 children reportedly killed pic.twitter.com/wjmeQrX6VN
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) April 5, 2023