Швајцарската полиција уапси 75- годишна жена за убиство на 7- годишно дете на улица во градот Базел, јави АП.
Според соопштението на полицијата, детето се врќало од училиште и одело кон дома, кога било нападнато и избодено со нож.
Жената се пријавила сама во полиција и кажала дека го убила момчето.
Тешко повреденото дете го пронашла неговата наставничка, но тоа подоцна починало од повредите.
Полицијата утврдува кои биле мотивите на старицата за да го убие детето и дали е во роднинска врска со него.