Во Високиот суд во Зајечар е завршен главниот претрес во случајот на Раде Ѓорѓевиќ, кој се терети дека на 21-август минатата година ја претепал сурово, па ја силувал сограѓанката М.Р. (80).
Адвокатите на М.Р. побараа Ѓорѓевиќ да се осуди на највисока можна казна која судот знае да ја препиша, сметајќи дека правдата ќе биде задоволена.
„Ѓорѓевиќ бритално ја тепал жртвата, а после тоа двапати ја силувал. Освен тоа, обвинет е дека не се кае за делото кое го сторил. Тој напрво негираше дека го сторил делото, но го призна кога беше соочен со доказите, правдајќи се дека на ништо не се сеќава“, велат адвокатите на М.Р.