Актерот Тео Џејм во холивудската индустрија присутен е веќе 15 години, но заслужената слава му ја донесе дури сега главната улога во овогодишната хит-серија „The Gentlemen“. Овој 39-годишник е одличен и многу талентиран актер, но воедно го краси и неверојатно добриот физички изглед, па не е ни чудо што го освои срцата на женската публика ширум светот.
На крилјата на екстремната популарност, Тео Џејмс е ангажиран на сè повеќе проекти, а меѓу останатото станал и амбасадор на брендот „Dolce&Gabanna“.
Младата, атрактивна бринета носела минијатурно бикини во бела боја, додека холивудскиот убавец го покажал своето извајано тело и заносните мускули во долен дел костим за капење, исто така во бела боја.
Јасно е дека тој ревносно води сметка за својата форма и дека е редовен во теретана.
Инаку, Џејмс од 2018 година е во брак со актерката Рут Керни, а Виторија веќе година дена е во врска со Ди Каприо – но очигледно ниту двајцата немаат проблеми со љубоморните партнери со оглед на секси сцените кои ги снимиле.