Помалиот брат на популарниот глумец Алек Болдвин, Вилијам неодамна на Инстаграм објави трогателна емотивна објава посветена на синот. Имено, 56 -годишен актер откри дека неговиот син Венс (17) пред една година се разболел од рак, кој успеал да го победи.
Вилијам на Инстаграм со фотографија од Венс, напиша објава со поддршка за својот син,
“Пред една година на син ми Венс му беше дијагностициран рак. Тогаш имаше 16 години и остана мирен како сите ние. Помина 28 хемотерапии, но и понатаму остана многу позитивен, смирен, живеејќи што е можно понормален живот…секој ден. Малиот е опасен. Остар како жилет, неверојатно смешен, цврст како нокт и со срце од злато. Храброст. Сила. Срдечност. Став. Воин. Никогаш немам видено нешто слично на тоа. Никогаш не сум бил толку горд. Те сакам сине“ напиша актерот и им заблагодари на сите за поддшката.
Неговата сопруга Чајна Филипс ја коментираше објавата со зборовите „Нашето дете, нашиот јунак“. Инаку, Били и Чајна се во брак од 1995 година и освен Венс ги имаат ќерките Џејмисон и Брук.