Холивудскиот актер Итан Хок и неговата сопруга Рајан биле „уловени“ во ретки јавни појавувања на разменување нежности и тоа на плажата св. Бартс каде слободното време го искористиле за семејно уживање.
52-годишниот Итан папарацо фотографите го „уловиле“ како разменува нежност со 40-годишната сопруга Рајан, а друштво им правеле нивните ќерки Клементин и Индиана.
Кај актерот до израз дошле неговите тетоважи, додека пак неговата сопруга ја покажала завидната линија на тело. Инаку, таа нималку не е налик на останатите сопруги на славните актери, а и тоа како нивната љубовна приказна е интересна.
Имено, пред Рајан, Хок бил во брак со Ума Турман од 1995 до 2008 година, а заедно имаат три деца. Додека децата биле мали, родителите често биле зафатени со нивните актерски обврски, а децата ги чувала токму Рајан.
Очигледно дека аферата на актерот со дадилката започнала и претходно затоа што пред олтарот застанале во 2008 година, а неколку месеци претходно Хок се развел од Турман.
И додека многумина го принудувале актерот да признае дека со Уман се развел заради неверството со Рајан, актерот во неколку наврати за медиумите изјавил дека нивниот брак се распаднал поради други притисоци и дека таа врска не можела да се базира само на сексуална веродостојност.
Откако е во брак со Итан, Рајан била продуцентка на неколку филмови во кои Итан глумел, како што се „Blaze“ и „First Reformed“, но освен тоа ретко се појавува во јaвноста и парот својот живот го чува во приватност.