Актерката Кетрин Зета Џонс драстично го промени изгледот за новата улога. Папараците ја уловија на снимање, а Кетрин со кратка руса перика на новите фотографии изгледа непрепознатливо.
Оскаровката моментално ја снима новата ТВ серија National Treasure во Њу Орлеанс, каде што ја снимија камерите.
Кетрин ѝ се придружи на Лисет Алексис во новата ТВ серија, која ја проширува франшизата на Националното богатство. Серијата се фокусира на млада жена која бара одговори за своето семејство. Кетрин ја игра Били, милијардерка и експерт за антиквитети на црниот пазар.
„Таа се трансформираше од сирак без пари во лукава, елегантна бизнисменка и авантуристка. Били е навикната да го добива она што го сака и сака панамериканско богатство“, се вели во описот на заплетот на серијата.
Заедно со Алексис, Зета-Џонс во серијата им се придружи на актерите Линдон Смит, Зури Рид, Џејк Остин Вокер, Антонио Сипријан и Џордан Родригес.