Актерката и модел Сиена Милер (41) е бремена.
Магазинот People објави ексклузивни фотографии од Сиена на плажа во Ибица, а може да се види дека таа веќе има поголем труднички стомак, иако се уште официјално не ја потврдила веста.
Милер моментално е на одмор со партнерот Оли Грин (26) со кого чека дете. Тие претходно биле видени во Сен Тропе.
Гласините дека се во врска од февруари минатата година кога беа видени заедно во Њујорк, а потоа врската ја потврдија на филмските награди БАФТА.
Актерката од претходната врска со актерот Том Стариџ, со кого беше од 2011 до 2015 година, ја има десетгодишната ќерка Марлоу. Во една прилика рече дека Марлоу е иста како неа.
„Кога воспитувате дете, во таа личност гледате аспекти на вашиот карактер, тие се одразуваат на вас, а тоа е врската со најголемата љубов што ја имам. Таа ме познава мене и јас ја познавам. Таа е многу тврдоглава, како и јас. Ја гледам како единствена личност, но во исто време ги гледам и генетските врски. Таа е рајот, моето дете“, сподели Сиена, пренесе Пипл.