Холивудската глумица Камерон Дијаз на 46 години ќе стане мајка.Убавата актерка неодамна излезе на вечера со својот сопруг Бенџи Маден, а сведоци тврдат дека изгледала покрупно и многу среќно.
За време на интимната вечера, актерката на пријателите им објаснила дека сака да ги задржи деталите за себе, но потврдила дека таа и Бенџи ќе станат родители.
Актерката и нејзиниот сопруг од 2015 година се обидуваат да добијат бебе, но безуспешно. Близок пријател на двојката, вели дека тие веќе почнале со опремувањето на куќата за новиот член од семејството и дека размислуваат кое име ќе му го дадат.