Холивудската глумица Селма Блер откри дека и е дијагностицирана мултипла склероза. 46-годишната дама често споделува детали за својата болест.
Пред неколку дена таа објави фотографија како си ја бричи главата, а во тоа и помага синот Артур Сеинт.
Инаку, Селма косата си ја избричила како што самата рече “ тешко е да имаш коса кога не можеш да ја подигнеш раката доволно високо да ја исчешлаш“.
За потсетување, страшната дијагноза глумицата ја добил во август минатата година, и призна дека најтешко тоа го прифати нејзиниот син кој се грижи да не умре мајка му.
https://www.instagram.com/p/Byou11nHE1K/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/BytK0sTnRAG/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
“Лошо ми е. Морам да го издржам се тоа. Единствено драго ми е што мене ми се случува ова, а не на мојот син. Веќе не можам да замислам да се чувствувам подобро. Ќе преживеам“ рекла глумицата пред еден месец.