Актерката Ема Томпсон призна дека била „целосно заслепена“ кога станува збор за нејзиниот прв сопруг Кенет Брана. Имено, актерката признава дека не видела дека тој ја изневерува со колешката Хелена Бонам Картер.
Во тоа време Ема и Кенет беа во брак шест години, а потоа тој се вплеткал со Хелена со која играше во филмот Франкенштајн.
Ема Томпсон признала дека неверството на нејзиниот сопруг ја турнало во тешка депресија и дека била понижена од аферата и шокирана од самоизмама.
„Бев целосно, целосно слепа за фактот дека тој има афера со друга жена на снимање. Она што го научив од сето ова е колку е лесно да се заслепиш од сопствената желба да се залажеш.
Бев полужива. Секое чувство да се биде симпатичен или вреден како личност беше целосно исчезнато“.
Сепак, голема среќа беше што во тоа време Ема го запознала својот колега Грег Вајс кој и помогнал да закрепне. Ема и Грег се венчаа во 2003 година и имаат две деца: ќерката Гаја (22) и синот Тиндиб, кој го посвоиле кога имал 16 години.
Години откако нејзиниот прв сопруг ја изневерил со колешка, Ема решила да се смири со Хелен Бонам Картер, поранешната љубовница на нејзиниот прв сопруг.
„Разводот се случи одамна. Не можеш да се држиш за такво нешто. Немам енергија за тоа. Хелена и јас се помиривме пред години. Малку сме луди и не сме модно освестени. Можеби затоа Кен не сакаше двете. Таа е прекрасна жена“, изјави Ема која играше со Хелен во филмот за Хари Потер.
И што ја научија разводот и вториот брак?
„Како што вели мајка ми: Првите дваесет години од бракот се најтешки…“ – изјавила актерката.