Моторџија од Холандија загина во судир со автомобил на излезот од Битола, пренесе Центар МК.
Холанѓанецот, кој бил на возраст од 58 години, бил во група со неколку моторџии кога се судрил со автомобил „алфа ромео“. Од силината на ударот била оштетена и „алфата“.
Моторџијата бил префрлен со возило на итната помош во Клиничкиот центар во Битола, каде лекарите го реанимирале, но тој им подлегнал на повредите.
(фото: апла.мк)