Холандскиот министер за здравство, Бруно Бруинс вчера се онесвести на говорницата во парламентот.
Камерите го фатија неговиот пад и набрзина му помогнаа колегите кои го подигнаа и му донесоа чаша вода.
Бруинс тврди дека ова немало никаква врска со коронавирусот.
„Се онесвестив поради исцрпеност“, напиша Бруинс на Твитер.
„Работите се подобри сега. Вечерва одам дома на одмор за да можам да се вратам на утре на работа и подобро да продолжам да се борам со коронавирусот“, заклучи тој.