Хокеарот на Сент Луис блус, Џеј Боумистер, колабирал на клупата за резерви на средината на натпреварот на неговиот тим против Анахајм дакс и предизвика паника кај присутните. Мечот бил прекинат, а докторите во апсолутна тишина во салат го оживувале Боумистер, а дел од играчите во тоа време се на мразот се молеле за неговото здравје.
Тој во свесна состојба бил пренесен во болница, од каде што информирале дека станува збор за срцев удар.
Боумистер е искусен играч, има 36 години, ова му е 17-та НХЛ-сезона и познат е како добар лизгач. Тој лани со Сент Луис ја освои титулата, а во 2014 година со репрезентацијата на Канада освои златен олимписки медал.